Поврзи се со нас

Вести

Таткото од Фазанерија повторно пријавил исчезнување на ќерката – зошто малолетничките бегаат од дома?

Објавено

на

 

Петнаесетгодишната девојка од гостиварската населба Фазанерија која пред два дена замина од дома кај дечкото, па се врати, повторно е пријавена за исчезната. Синоќа околу еден и пол часот по полноќ, нејзиниот 50-годишен татко пак пријавил во полиција дека малолетничката се оддалечила од дома во непозната насока.

„Малолетничката на 7-ми овој месец, исто така, беше пријавена како исчезната, а на 9-ти беше пронајдена, односно се самопријавила во Полициската станица Гостивар, по што му беше предадена на нејзиниот татко“, соопшти полицијата.

Искуството на полицијата кажува дека најчесто малолетничките кои родителите ги пријавуваат како исчезнати, бегаат од дома поради тајни љубовни врски со машки лица на иста возраст, но и повозрасни. Имало и примери кога без знаење на родителите, девојките извесно време вонбрачно живееле во таканаречени „диви“- нелегални бракови, што е спротивно на законот и за што следува поднесување соодветни пријави, зависно од случајот и околностите, наведуваат надлежните.

Минатата и оваа година нема регистрирана инволвираност на малолетни лица во трговија со луѓе или проституција. Според информациите од СВР постоеле сомневања за ангажирање на малолетнички за работа во угостителски и други објекти, на чие расветлување се работело и кои адекватно биле заокружени со законски предвидени пријави.

Лани на гостиварското подрачје биле поднесени две кривични пријави за одземање малолетник и пет прекршочни пријави за занемарена грижа за малолетник од родители.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 8 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 15 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена