Поврзи се со нас

Вести

Тимот од економското училиште со прво место на Противпожарен квиз натпревар

Објавено

на

Средношколците од гостиварското економско училиште се покажаа како најдобри во категоријата јуниори на Регионалниот противпожарен квиз натпревар, што се одржа пред неколку дена во Кичево. Тимот од економско го сочинуваа: Симона Дрецкоска, Марија Петроска и Симеона Стефаноска со својот  ментор Михајло Ѓиноски и со  поддршка од претседателот на противпожарниот сојуз на Гостивар Витомир Ефтоски.

„Многу сме задоволни и горди на постигнатиот успех. Во наредниот период ќе се посветиме на подготовка за државниот противпожарен натпревар, за кој се квалификувавме благодарение на освоеното прво место на регионалниот“, велат учениците.

Квизот во Кичево беше 33-ти по ред од ваков вид.  Натпреварувањата ги организира Противпожарниот сојуз на Македонија со цел младите да ги покажат своите знаења стекнати од областа на противпожарната заштита. Гостиварските економисти го освоија првото место во конкуренција на екипи од Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево и Струга.

Републичкиот натпревар ќе се одржи во Куманово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена