Вести
Трагедија – Загина гостиварец во несреќа при работа
На локалниот пат за гостиварско Падалиште, на околу еден километар од железничкиот надвозник, во несреќен случај починал М.К. (67) од Гостивар, вработен во гостиварска фирма која изведувала градежни работи за изградба на хидроцентрала.Трагедијата се случила вчера претпладне.
Како што соопшти МВР, друг вработен во истата фирма, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, се движел наназад и без да забележи, со задниот дел од приколката го удрил М.К., кој паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал.
Смрт била констатиран од лекар од Итна медицинска помош Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информира МВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар