Поврзи се со нас

Вести

Трибина во Гостивар: Повеќе жени бизнис лидерки за придвижување на економијата

Објавено

на

Како до повеќе жени на одлучувачките позиции во компаниите и на кој начин жените може да станат позначаен фактор во македонската економија. Ова беа темите на кои се разговараше на денешната трибина во Гостивар, организирана во рамки на проектот „Зголемување на бројот на жени во управните и надзорни одбори во приватните компании“, што го спроведува здружението на жени менаџери, Елит од Скопје.

„Македонија како и другите земји во светот се среќава со партијархалност, стереотипност, традиција и често се кажува не лични жена да биде газда. Ние сакаме поголемо учество на жените во управните и надзорните одбори во компаниите со што жената ќе се искористи како ресурс и на тој начин ќе се придвижи економијата и ќе се обезбедат поголем број на вработувања. На трибините што ги организираме учествуваат раководните структури на компаниите, преку кои добиваме информации за состојбата и жени лидерки кои држат мотивациски говори со цел да ги поттикант другите жени да ја почнат својата бизнис приказна. Ние веруваме во моќта на жената“, изјави Ленка Угриноска, претседател на здружението.  

Европската Унија предвидува до 2020 година бројот на жените во управните и надзорни одбори да биде 40%. Актуелните 19% учество на жените во македонските компании е на незадоволително ниво, сметаат од здружението. Според нив, единствен начин да покренат промени во корист на жените во бизнисот е воведување на системски мерки, за што е неопходна соработка на граѓанскиот, приватниот сектор и државните институции.

На денешната трибина во Гостивар мотивациски говор одржа Г`зиме Фејзи, која важи за успешен пример на жена менаџер, а воедно е и координатор на проектот.

Проектот е поддржан од Министерството за економија на Република Македонија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 3 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 13 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 15 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 18 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Гостиварпред 19 часа

Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

ДПТ во коалиција со ДУИ, договорот за „Европски фронт“ потпишан во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена