Поврзи се со нас

Македонија

УЈП: Ќе се казнуваат трговците кои не издаваат фискални сметки – забраната завршува веднаш по плаќањето на глобата

Објавено

на

Управата за јавни приходи согласно измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр.11/2018),  издаде нова верзија на Брошурата „Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања“ за 2018 година. Брошурата може да ја преземете тука.

Оваа брошура, пред се, е наменета да обезбеди насоки за даночниот обврзник како да воведе фискален апарат, но и претставува водич како да се разрешат проблемите со кои се среќаваат во пракса, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискални сметки.

Истовремено, УЈП укажува дека со најновите измени на законот предвидени се олеснувања на казнената политика во делот на фискализацијата, и тоа:

* кога УЈП ќе изрече глоба за непоседување на фискален апарат – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност, само доколку набави фискален апарат и претходно поднесе барање до УЈП со прилог доказ за набавен фискален апарат и платена глоба.

* кога УЈП ќе изрече забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) поради неиздавање фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност ако ја плати глобата. Ако обврзникот ја плати глобата за време на траење на изречената забрана за вршење на дејност, треба да поднесе барање до УЈП и да приложи доказ за платена глоба. Во тој случај, УЈП ќе го отпечати деловниот простор и ќе му дозволи на обврзникот да продолжи со вршење на дејност.

Апелираме даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, со цел избегнување на казни. УЈП спроведува засилен мониторинг на готовинскиот промет на терен во делот на фискализацијата, велат од УЈП.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена