• Дата: 14/02/2018

Внимателно со пријателствата на Фејсбук и Инстаграм – во полошко лани 21, годинава три злоупотреби на податоци

Зачестуваат случаите на злоупотреба на лични податоци преку социјалните мрежи на тетовско-гостиварското подрачје, најмногу преку „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Според податоците од Секторот за внатрешни работи Тетово, лани биле регистрирани 21 случај на вакви злоупотреби, а годинава, заклучно со денес – три случаи.

„Претежно станува збор за злоупотребување на лични податоци и фотографии, кои претходно биле споделени со други лица, кои потоа сторителите ги објавиле или се заканиле дека ќе ги објават на социјалните мрежи, доколку не им се исплатат парични средства или не им се исполнат други барања и услуги.  Најчести жртви на злоупотребите од овој вид се женски лица, во најголем број млади, по што биле уценувани или на друг начин биле оштетени од разните закани по честа и угледот.“, информира полицијата.

Надлежните им укажуваат на корисниците на социјални мрежи да бидат максимално внимателни кога воспоставуваат контакти и пријателства со непознати по електронски пат потенцирајќи дека голема е можноста да бидат злоупотребени и вовлечени во непријатни ситуации со негативни последици по нивнатата личност и по нивните семејства.

„Ова, посебно се однесува на малолетниците, кои најмалку внимаваат на можните последици, со напомена дека злоупотребата на лични податоци е кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до една година. Ако злоупотребата, пак, е направена од службено лице, затворската казна се движи од три месеци до три години.“, велат од СВР.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*