Вести
Во Гостивар следниот месец ќе се распредели еден социјален стан
Министерството за транспорт и врски следниот месец ќе распише оглас за распределба на 79 социјални станови низ повеќе градови во државата, од кои 59 се за лица од социјален ризик и 20 за лица со ниски примања, најави министерот Горан Сугарески.
Во Гостивар, согласно анализата на ресорното Министерство и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, за лица со ниски примања има само еден стан.
Седум слободни станови има во Велес, по три во Кратово и Кочани, два во Прилеп и по еден стан во Крива Паланка, Дебар, Тетово, и Штип. За распределба на становите ќе се формира посебна Комисија која ќе ги разгледува сите пријави.
Од 59-те станови наменети за лица од социјален ризик, 39 се во Кочани, а 10 во Македонски Брод, и за нив првпат се врши распределба, а по тој основ ќе се делат и три во Прилеп, по два во Штип, Берово и Крива Паланка и еден во Кичево кои се слободни по разни основи.
Становите за лица од социјален ризик ќе ги опфаќаат категориите деца без родители или родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца, како и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk
1 Коментар