Вести
Загрижувачко: Една од 15 бремености во Гостивар завршува со спонтан абортус
Гинеколозите последните години бележат загрижувачка тенденција на пораст на бројот на спонтани абортуси. Жените стануваат покревки во репродуктивното здравје и почесто им се случува несакан прекин на бременоста. Во гинеколошко-акушерското одделение на гостиварската општа болница, минатата година се регистрирани 50 пациентки кои имале спонтан абортус, односно го изгубиле плодот. Просечно, на секоја петнаесетта бременост на гостиварското подрачје, доаѓа по еден спонтан абортус. Лекарите велат дека најчесто се работело за трудници во порана фаза на бременоста, а причините зошто не можеле да го задржат плодот биле различни: присуство на бактерија, други инфекции, абнормалности на матката и компликации.
Ризикот од спонтан абортус е поголем кај повозрасните жени. Одредени истражувања покажуваат дека овој ризик се движи од 12% до 15% кај жени во 20-тите години и се издига на 25% за жени на четириесетгодишна возраст.
Редовните гинеколошки прегледи и анализи се една од превентивните мерки за здрава бременост и намалување на ризиците од спонтан абортус, нагласуваат гинеколозите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар