Вести
„Безбедност во училиштата – за меѓуетнички соживот и толеранција“ Проект на МВР и ОБСЕ
Секторот за внатрешни работи Тетово ќе започне со првите планирани активности во рамки на образовно – превентивниот проект „Безбедност во училиштата – за меѓуетнички соживот и толеранција“ чии носители се Отсекот за превенција при СВР Тетово, тетовската и гостиварската локална самоуправа и ОБСЕ, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Јосифовски појасни дека целта на проектот и претстојните спортски активности е меѓусебно запознавање, дружење и заедничко спортување на средношколците од двата полошки градови за надминување на сите предрасуди и стереотипи на овој план и за подобрување на вкупната безбедност во нивните училишта.
Со овој проект, истакна, предвидено е да се опфатат околу 2600 првокласници од средните училишта во Тетово и Гостивар.
– Тие на посебни предавања што ќе ги одржуваат стручно обучени полициски службеници поблиску ќе се запознаат што значи меѓуетничкиот соживот и толеранцијата, но и какви се законските и други последици за нивно евентуално учество во нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата а поврзано со оваа проблематика, изјави Јосифовски.
Како составен дел од проектот што се реализира неколку години, ќе се одржат и традиционалните турнири во одбојка што ќе започнат од оваа сабота и на кои ќе настапат 8 тетовски и 4 гостиварски екипи со мешан етнички и полов состав. Првите елиминациски натпревари ќе се играат во салите на тетовската Гимназија и гостиварското Основно училиште „Исмаил Ќемали“. Една недела потоа на 15-ти октомври планирани се завршните натпревари а за најдобрите предвидени се пригодни награди и признанија.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград