Поврзи се со нас

Македонија

Близу 1.300 граѓани учествуваа на првата аукција за граѓанската обврзница

Објавено

на

На вчерашната прва аукција за граѓанската обврзница учествуваа 1.283 граѓани кои имаат уплатено средства во износ од 1.448.030.000 денари што е двојно повеќе од објавеното со Проспектот за оваа обврзница.

„Интересот беше голем за овој нов иновативен производ на финансисксиот пазар. Граѓаните го препознаа својот интерес и ја искористија можноста да инвестираат во производ кој за нив е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација“, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими.

Придобивките од воведувањето на овој инструмент на пазарот, според Бесими, се повеќекратни. Покрај бенефитите за граѓаните, инвестирањето во овие обврзници, како што рече Бесими, значи и дека тие придонесуваат за раст на домашната економија, бидејќи средствата од граѓанската обврзница ќе се пласираат преку буџетот во развојни проекти, кои веќе се планирани. Дополнително ќе влијае и на намалување на сивата економија, затоа што се активира готовината што граѓаните ја чуваат надвор од системот.

Минималниот износ кој граѓаните можеа да го уплатат за учество на аукцијата изнесуваше 10.000 денари, со поднесување барање за купување на една граѓанска обврзница. Максималниот износ не беше предвиден. Процесот на поднесување барање и уплатата на средствата се одвиваше преку деловните банки.

„Со аукцијата се заокружува процесот на издавање на граѓанската обврзница, во кој сега следува постапка на евидентирање на граѓанските обврзница во Централниот депозитар за хартии од вредност. Приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули 2024 година за првата година и 20 јули 2025 година за втората година, кога ќе им биде вратен и целиот вложен износ. Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесува 5 проценти годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата. Тоа значи граѓаните кои инвестирале во граѓанска обврзница ќе добијат принос  вкупно 10 проценти од инвестираниот износ“, појаснуваат од Министерството за финансии.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 2 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 3 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 2 дена

Денес се слави Петровден

Рецептипред 3 недели

Летен ручек, одличен за периодов на жештина кога се јаде помалку и полесна храна

Гостиварпред 4 недели

Гостиварец пријавил уцена со фотографија на малолетната ќерка на социјални мрежи

Гостиварпред 3 недели

Повторно кражба на овци и јагниња во гостиварско село

Гостиварпред 4 недели

Вознемирувачки случај во гостиварско-Татко си ги нападнал ќерката и синот

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена