Поврзи се со нас

Здравје и убавина

10 митови за диетите

Објавено

на

1.  Прескокнување на оброци

Прескокнувањето на оброците само ќе направи да се чувствувате уморни и гладни, што значи дека ќе имате поголема веројатност  за високо-калорични грицки или ќе надоместите со поголеми оброци подоцна. Исто така, потешко е да се направи здрав избор кога сте многу гладни. Се препорачува редовна шема и планирање на оброците.

2.  Ограничување на одредени видови на храна

Ако не јадете ништо друго освен целер или портокали во текот на  целиот ден, за една недела, секако ќе ослабнете. Но овие диети брзо ќе станат досадни и не се долгорочно ефикасни. Ќе го намалите бројот на калории, но истовремено го лишувате организмот од витамини и минерали кои му се потребни за правилно функционирање.

3. Без „почестувања“

Лишувањето од храната која ја сакате, само ќе ја зголеми желбата. На крајот ќе попуштите пред искушението и ќе чувствувате вина. Дозволете си мали количини од омилената храна и уживајте во секој залак.

4. Вечера после 20:00

Не е важно кога ќе јадете ако ви се јаде премногу – калории се калории во секое време на денот! За вашиот дигестивен систем е подобро  да не се јаде тежок оброк пред да одите во кревет, но вечерниот оброк нема да ве направи подебели од утринскиот.

5. Ослободете се од „пивскиот стомак“ или бутовите

Колку и да звучи неправедно, не можеме да одбереме каде да додадеме или да изгубиме килограми. Кога телото губи масти, ги губи низ целото тело. Фокусирајќи се на една област при вежбање, го зацврстуваме мускулниот тонус, но нема да отстраниме повеќе масти.

6.Одредени видови храна  помагаат при согорување масти

Не постои храна која согорува масти. Важно е да внесувате помалку калории (енергија), отколку што користите, наместо да јадете одредени видови храна за кои се вели дека имаат посебни својства.

7.  Јагленихидрати дебелеат

Грам јагленихидрати имаат за половина помалку калории од грам масти. Тоа не значи дека можете да јадете макарони со сирење и да слабеете. Овесот, кафеавиот ориз и тестенините во разумни количини се вистинскиот избор за внес на јагленихидрати.

8. Без ужина

Планирањето здрава ужина помеѓу оброците може да ви помогне да го контролирате вашиот апетит. Овошје, зеленчук и јогурт со ниска масленост се одличен избор.

9. Само храна со ниско ниво на масти

Малку масти не секогаш значи и малку калории. Замена на масти со други состојки се’ уште може да резултира со многу калории. Ниско-масната храна, често е богата со шеќери и конзерванси, кои можат да бидат штетни за здравјето. Природните масти се наоѓаат во ореви, семки, риба и авокадо, кои меѓудругото и даваат сјај на кожата и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

10.  Интензивни режими за вежбање

Не треба да победите на маратон за да ослабнете. И активностите со низок интензитет бараат енергија. Пешачењето, градинарството и слични активности, знаат да направат голема разлика.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Спортпред 4 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 5 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 8 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 9 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 10 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 11 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 11 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 12 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 14 часа

Дојави за бомби и во училишта во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена