Поврзи се со нас

Занимливости

10 научни митови за кои до сега верувавме дека се вистина

Време е да ставиме крај на повеќето интересни митови во кои човештвото слепо верува со векови. Ова се само некои од нив…

1. Храната која ќе падне на под, безбедна е доколку се изеде пред да поминат 5 секунди

– Признајте, колку пати ви се случило некое делче од храна да ви падне на под и без размислување само да го дувнете и го ставите во уста. Според некои наводни научни истражувања, храната која паднала на под е безбедна да се изеде пред да поминат 5 секунди. Но, тоа всушност е обична глупост или мит. Бактериите можат да ја заразат храната која паднала на под за само неколку милисекунди.

Истражувањата покажуваат дека водената храна привлекува повеќе бактерии од сувата, но не постои никаква временска блокада која ја штити. Наместо тоа, сигурноста на храната зависи единствено од тоа колку ви е чист подот. Но, доколку се работи за улица, секако препорачуваме храната да ја фрлите во ѓубре.

2. Ако јадете чоколадо, ќе добиете акни

– Погрешно. Научниците еден месец им давале на голем број испитаници чоколади во кои имало 10 пати повеќе чоколадо отколку во обичните чоколади, а на другите им давале чоколаден производ на база на какао. Резултатите не дале никаква разлика помеѓу двете групи. Ниту еден вид на чоколадо не влијаел на развивање на акни кај испитаниците.

3. Едно јаболко дневно ве држи подалеку од болести

– Јаболкото е богато со витамин Ц и влакна, супстанци кои се од витално значење и за долгорочно здравје, но далеку од тоа дека тоа е единствено нешто кое ве држи подалеку од болести. Доколку во вашиот организам се насели вирус или бактерија, јаболкото нема да направи многу за да ве заштити.

4. Млекото е добро за вашиот организам

– Американското министерство за земјоделие ги уверува граѓаните дека е здраво, возрасен човек да пие до три шолји млеко на ден, заради внес на калциум и витамин Д, но повеќето студии покажале дека не постои никаква врска помеѓу конзумирање на поголема количина млеко и намалениот број на кршење коски на екстремитетите кај граѓаните. Дури некои студии покажале дека постои поврзаност со поголема стапка на смртност. Секако добро е да се конзумира млеко, но треба да сфатиме дека треба да се пие одговорно и во понормални количини.

5. Не јадете сладолед доколку имате настинка

– Додека бевме мали, родителите не уверуваа дека не смееме да јадеме сладолед додека сме настинати бидејќи тоа дополнително ќе ја влоши нашата состојба. Сега научниците од клиниката Mayo, докажаа дека тоа е мит. Доколку имате настинка, слободно јадете сладолед. Докторите тврдат дека замрзнатите млечни производи можат да ви ја ублажат болката во грлото, а самиот сладолед на организмот ќе му обезбеди калории кои поради сеопштата слабост пациентот не би ги внесол заради намалениот апетит.

6. Мачките и кучињата не разликуваат бои

– Вистината всушност е сосема поинаква. Мачките и кучињата разликуваат бои далеку подобро отколку што мислиме. И двете го гледаат светот во сина и зелена боја. Исто така нивните очи имаат далеку повеќе клетки чувствителни на светлина од луѓето, и затоа многу добро гледаат во мрак. Овој мит настанал бидејќи секое животно ги гледа боите различно од човекот. Нијансите од црвена и розева боја, мачките ги гледаат во зелен спектар, додека пурпурната повеќе им личи на сина.

7. Ајкулите чувствуваат крв оддалеку

– Типичен пример за претерување. Доколку во море на било кој начин добиете крварење, не грижете се, нема да ве намирисаат ајкули оддалеку. Истражувањата покажаа дека ајкулите можат да почувствуваат капка крв во количество на вода еднакво на олимписки базен. Но океанот е многу многу поголем од еден олимписки базен.

8. Лилјаците се потполно слепи

– Мит. Изразот слеп како лилјак, не одговара на реалноста. Иако многу од нив користат ехолокација за навигација, а не вид, лилјаците имаат потполно функционални очи.

9. Кинескиот ѕид е единствената структура видлива од вселената

– Кинескиот ѕид не е единствена човечка креација која е видлива од вселената. Се зависи од тоа од каде мислите дека почнува вселената. Од Меѓународната вселенска станица (ISS) во висина од четири стотини километри, јасно е видлив ѕидот, но и многу други структури. Од Месечината не се гледа ниту една структура, освен пригушена светлина од големите градови.

10. Монт Еверест е највисоката планина на светот

– Ако ја земеме во предвид само надморската височина, тогаш Монт Еверест е навистина највисока планина, но ако гледаме која планина е највисока почнувајќи од нејзиното подножје па се до врвот, без оглед дали се наоѓа на копно или море, тогаш највисока планина е хавајските острови и нивниот вулкан Мауна Кеа. Додека Монт Еверест е висок 8848 метри, Мауна Кеа се издигнува на преку 10.000 метри од дното на Тихиот Океан.

Во соработка со: Енаука.мк

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали сте задоволни од понудените мерки на Владата, за справување со економската криза?

Резултати од анкетата

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!