Поврзи се со нас

Занимливости

10 работи што не сте ги знаеле за најпопуларната играчка од 80-тите

Објавено

на

Рубиковата коцка се состои од шест страни со девет квадрати во бела, црвена, портокалова, сина, жолта и зелена боја, кои треба да бидат распоредени така што секоја страна да има една боја. Ова беше една од најпопуларните играчки во 80-тите години на минатиот век. Еве што можеби не сте знаеле за тоа …

1. Рубиковата коцка е измислена од унгарскиот професор и скулптор Ерно Рубик во 1974 година за да им објасни 3Д геометрија на неговите студенти. Тој го патентираше својот изум во 1977 година под името волшебна коцка, но таа стана популарна во 1980 година, кога ја лиценцираше компанијата Ideal Toy Co.

2. За само три години се продадени 100 милиони парчиња, а до денес се купени повеќе од 350 милиони примероци. Не е изненадувачки, што честопати се нарекува најпродавана играчка во светот.

3. Математичарите пресметале дека Рубиковата коцка има 519 000 000 000 000 000 000 000 можни комбинации.

4. Се верува дека повеќе од милијарда луѓе се обиделе барем еднаш во животот да ја наредат рубикова коцка.

5. Првиот натпревар за брзо редење на рубиковата коцка бил организиран од Гинисовата книга на рекорди во март 1981 година во Минхен. Jирито Фроешл ја однесе победата со преклопување на коцките за 38 секунди.

6. Во моментов холанѓанецот Матс Волк е носител на титулата во најбрзо редење на коцкатаТој го сруши рекордот двапати – прв пат во 2013 година кога ги нареди коцките за 5,55 секунди (на само 17 години) и во 2016 година кога го стори истото за 4,74 секунди.

7. Тринаесетгодишниот Патрик Босерт од Англија во 1981 година објави прирачник наречен „Како да ја направите коцката“ во кој го објаснува процесот на решавање на сложувалката, односно покажува дека секој може да ја состави рубикова коцка. Прирачникот стана бестселер и се продаде во повеќе од 1,5 милиони примероци.

8. Коцката беше толку популарна во САД, што Еј-Би-Си нарача 13 епизоди од анимираната серија „Рубик, волшебната коцка“, која се емитуваше во саботата наутро во текот на 1983 година.

9. Diamond Cutters International за 15-годишнината од официјалното пуштање во продажба на коцката на меѓународниот пазар (1995) направија целосно функционална коцка Рубик украсена со дијаманти од 185 карати. Вредноста на коцката тогаш беше милион долари. Покрај тоа, компанијата направи 2.500 „поевтини“ сребрени верзии кои се продадоа за 2.000 долари.

10. По повод 40-годишнината од светското претставување на рубиковата коцка, јапонската компанија MegaHouse ја направи својата најмала варијанта. Најмалата Рубикова коцка тежи само два грама , е со големина од 99 милиметри и се продава по цена од 180.000 јени, или околу 90.000 денари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена