Поврзи се со нас

Занимливости

10 Староегипетски знаења кои и денес се практикуваат во медицината

Објавено

на

Древен Египет најмногу е познат по своите пирамиди, хиероглифи и мумии. Богатата култура која траела преку 3000 години, зад себе оставила многу траги кои даваат увид на таа цивилизација. Благодарение на документи и натписи, како и многу прекрасни слики, знаеме многу за животот во древен Египет.

Египќаните поради својата пракса на мумификација, научиле доста за човечкото тело и развиле напредно медицинско знаење. Со векови пред своето време, бројни методи кои ги користеле лекарите во стар Египет не им се непознати и на денешните лекари. Иако денешниот народ повеќе не користи магии и амајлии, посетата на лекар во денешно време и не е многу различна од пред повеќе од илјадници години.

10. Проверка на пулсот

Проверката на пулс денес се смета за општо знаење, но некогаш тоа го сметале за голем медицински успех. Веројатно како резултат на мумификација, античките Египќани добро го познавале циркулаторниот систем. Различно е само дека тогаш не знаеле дека срцето испумпува крв, мислеле дека станува збор за резервоар на крв. И покрај тоа, ја знаеле важноста на крвниот состав и знаеле да ја искористат за третирање на одредена болест.

9. Свртете ја главата и кашлајте

Во Папирус Еберс, медицинскиот прирачник од древниот Египет се спомнува дијагноза за кила или хернија, наведувајќе дека кај мажите при кашлање се јавува оток. Постојат и доста слики кои ја покажуваат оваа состојба. Не многу различно од денес, и тогаш се знаело што е кила и дека настанува при кревање на тешки предмети. Во Папирус Еберс е опишан и третманот кој и денес го знаеме.

8. Тампони

Многумина претпоставуваат дека тампоните се модерен изум. Вистината е дека во западниот свет, тампоните почнале да се користат неодамна, но во стариот Египет се користеле пред повеќе од илјадници години. Името Изида јазол кое ни е познато денес се однесува на божицата Изида, која според легендата користела тампон во текот на бременоста со Хорус, за да го заштити додека тој сеуште бил во утробата, од нападите на богот Сет.

7. Пломби

Кариесот всушност, бил многу редок во тоа време, бидејќи шеќерот не бил дел од нивната исхрана, но со текот на времето забите сепак станувале истрошени, бидејќи при мелење на брашното скоро секогаш останувал по некој камен, што ги оштетувал забите со шуплини и инфекции. Следејќи го Папирус Еберс пронајдени се рецепти за пломби и масти за сушење или борба против бактерии.

6. Протетика

Откриени се египетски мумии со најстари протетички експерименти. Протезите, кои заменувале делови од телото кои недостасуваат, биле многу важни за Египќаните поради повеќе причини. Една причина е египетското верување дека после смртта телото мора да биде цело и сочувано, со што е можно да влезе во задгробниот живот. Затоа мумификацијата била толку важна, и тоа го поттикнало развојот на протетиката која овозможувала телото повторно да биде цело.

5. Здравство под контрола на власта

Пристапот до здравствената заштита била строго контролирана од страна на властите. Лекарите биле образовани и оделе на пракса за време на студиите. Можеле тоа да се и мажи и жени, а се воделе според Папирус Еберс или Папирус Едвин Смит, и можеле да ја бираат својата специјалност како и денешните лекари.

4. Рецепти

Лековите се правеле од разни материјали. Од минерали како што е бак ар, глина, олово, сол, натаму растенија како што се лукот, нане, анасон и лен. Натаму, коса, кожа, крв, измет. Овие елементи биле обично комбинирани во рецептот за најдобар ефект.

3. Зарежување

Праксата на отстранување на кожичката од пенисот кај малите бебиња ја користеле и античките Египќани и од верски и од хигиенски причини. При изведувањето на овој зафат се миеле и бричеле, бидејќи биле свесни за можните инфекции.

2. Хирургија

Многу мумии покажуваат дека хирургијата во тоа време се практикувала, и тоа од трепанација до отстранување на тумор. Скалпелите биле изработени од бакар, слонова коска и обсидиан, вулканско стакло кое е пооштро и од денешен скалпел. Пациентите добивале алкохол и седативи пред почетокот на процедурата. Главен проблем бил, тоа што поради непознавање на начинот на трансфузија на крв, пациентите често се случувало да искрварат доколку при зафатот настанале компликации.

1. Опијати

Макот бил познат како средство за намалување на болката како и денес. Во минатото не било лесно да се дојде до аналгетици. Афионовото млеко често се мешало со пиво и вино. Освен во хирургијата, често е користено и за пациенти со нервни проблеми со цел да ги смири, а се користело и за лекување од депресија и анксиозност.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 12 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 14 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 14 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 17 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 18 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 19 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 21 час

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 22 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 23 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена