Гостивар
Ова се 10-те најскапи автомобили на денешницата
Кои се најскапите автомбили на светот и колку чинат? Ви прикажуваме десет суперавтомобили од Bugatti Chiron со цена од 2,7 милиони долари, па сѐ до Bugatti La Voiture Noire со цена од 19 милиони долари. Некои од нив не може да ги купи секој дури и да ја поседува потребната сума на пари, за тоа сепак треба нешто повеќе. На пример како во случајот со Ferrari Pininfarina Sergio, овој луксузен автомобил бил продаден само на клиенти избрани од компанијата Ferrari.
Автомобилот не е само превозно средство, исто така е и парче уметност, честопати, децении после нивното производство е исто толку посакуван и вреден како во моментот на производство. Тешко е да се состави ваква листа, бидејќи вредноста на суперавтомобилите се чува во тајност, а не ретко, истите се продадени пред да бидат прикажани во јавност.
Па, еве ги најскапите, луксузни, автомобили на денешницата. Уживајте во бројките.
10. PAGANI HUAYRA BC – $2.8 милиони
После Pagani Huayra, со додавањето на придавката BC, овој модел станува најскапиот модел на Pagani. Своето деби го имаше на саемот на автомобили во Женева, во 2016 година. Ја красат 6 литарски V-12 би-турбо мотор од АМГ со 790 коњски сили и 7 степен Xtrac менувач. Тешка (т.е. лесна) е 1.218 килограми, бидејќи се користени многу лесни материјали како карбон фибер.
9. FERRARI PININFARINA SERGIO – $3 милиони
Оригинално претставена како концепт автомобил во 2013-та година во чест на синот на основачот на компанијата Pinifarina, легендарна италијанска дизајнерска куќа. Направени се само шест автомобили од овој модел, врз база на моделот Ferrari 458 Spider и е еден од најскапите модели некогаш направени од Ferrari.
Како и Ferrari 458 Spider, нема кров, странични прозорци, ниту пак ветробранско стакло, но бидејќи е двосед за возачот и сoвозачот следуваат заштитни кациги. Носи 4,5 литарски F136F V-8 мотор со 562 коњски сили.
Интересно е што сите 6 автомобили од овој модел се продадени на клиенти избрани од Ferrari.
8. ASTON MARTIN VALKYRIE – $3.2 милиони
Сеуште не се знае точната вредност на овој автомобил, но експертите прогнoзираат дека неговата вредност е околу 3.2 милиони долари. Легендата вели дека правењето на овој автомобил е договорено кога новиот директор на Aston Martin, Енди Палмер, ги поканил на по еден пијалок дизајнерите Адриан Неви и Кристијан Хорнер.
Овој модел носи 6,5 литарски V-12 мотор со 1.000 коњски сили со хибриден систем. Интересно е решенa аеродинамиката, така што да се држи стабилно прилепен за патеката не му се потребни никакви спојлери и крила.
7. LIMITED EDITION BUGATTI VEYRON BY MASORY VIVERE – $3.4 милиони
Надоградуван четири пати од неговото појавување во 2005, Mansory Vivere едицијата на Bugatti Veyron не само што е еден од најскапите, туку и еден од најбрзите автомобили во светот.
Го краси, навистина, прекрасна карбон фибер каросерија, одличен дизајн збогатен со унапредено LED oсветлување. Носи 8 литарски W16 мотор, кој произведува 1.200 коњски сили. Оригиналната верзија достигна, неверојатни, 407 km/h и е прогласена за автомобил на деценијата од 2000 до 2009 година.
6. LYKAN HYPERSPORT – $3.4 милиони
Светлата му се направени од 240, 15 каратни дијаманти, а линиите со LED осветлување се направени од 420, 15 каратни дијаманти. После ова, цената и не е така изненадувачка.
Надворешниот, како и изгледот на ентериерот се како да излегле од научно-фантастичен филм. Моделот се појавува во филмот “Furious 7“ и беше дрифтувана од полициска патрола на Абу Даби.
Направена е од W Motors во Либан и е првиот арапски суперавтомобил. Има 3,8 литарски твин-турбо мотор, со 780 коњски сили. До 100-ка забрзува за 2,8 секунди, а максималната брзина изнесува 38 km/h.
5. MCLAREN P1 LM – $3.6 милиони
Направена е од британската компанија Lanzante, која го откупи производството на Р1 моделот на McLaren. Произведена е специјално за купувачи САД, Велика Британија, Јапонија и Арапските Емирати.
Овој автомобил има доста заедничко со P1 GTR и легендарниот McLaren F1. Моторот е 3,8 литарски твин-турбо V-8 со 1.000 коњски сили. Произведени се само 5 автомобили од овој модел и сите се продадени.
4. LAMBORGHINI VENENO ROADSTER – $4.5 милиони
Направена е по повод 50 годишнината на компанијата. Veneno, во буквален превод од Шпански значи отров, а таков е и неговиот изглед, смртоносен.
Инспириран е од Aventador и направен од карбон фибер. Носи 6,5 литарски V-12 мотор со 740 коњски сили, а од 0 до 100 km/h пстигнува за 2,9 секунди.
Од овој модел на Lamborghini се направени само 9 автомобили, а еден е продаден дури за 11 милиони долари.
3. KOENIGSEGG CCXR TREVITA – $4.8 милиони
Ова е најскапиот автомобил во светот кој е легален за возење низ улиците, а е обложен со вистински дијаманти. Односно влакната од карбон фиберот со кој е направена каросеријата, вистински се премачкани со непробојна дијамантска прашина. Оваа технологија ги претвара влакната од традиционална црна боја во сребрено-бела, што каросеријата ја краси со уникатен и совршен дизајн.
Под хаубата поставен е 4,8 литарски V-8 мотор со 1.004 коњски сили.
После планот да се произведат 3 вакви автомобили, производството е редуцирано на 2, поради комплицираноста и времето што го одзема ваквиот начин на правење на карбон фиберот, за разлика од традиционалното производство.
2. SWEPTAIL BY ROLLS ROYCE – $13 милиони
Пред да ви “појде на памет“ цената на автомобилот, имајте во предвид дека овој модел не е на продажба. Тоа е затоа што е произведен само еден примерок по барање на еден одреден клиент. Во овој автомобил може да седнат само двајца (тоа се вика ексклузивитет). Има, целосно панорамски кров, веројатно и тоа е по желба на нарачателот.
Нема сомнение дека секој агол е исполнет со луксуз и разни скриени места за елктронски направи, пијалаци и многу друго. А по изгледот на задниот дел, кој личи на јахта претпоставуваме дека анонимниот сопственик е колекционер на јахти и приватни авиони.
1. BUGATTI LA VOITURE NOIRE – $19 милиони
Bugatti го претстави “La Voiture Noire” што во превод значи “црниот автомобил“ направен целосно од карбон фибер. Првиот од лимитираната едиција е продаден за цели 19 милиони долари и тоа на Фердинанд Печ, сопственикот на VW групацијата. Дизајниран е од Салом Етиен, а инспириран од предходниците Veyron, Chiron и предвоениот Type 57SC Atlantic.
Силата ја носи во 8 литарскиот, 16 цилиндарски мотор со 1.500 коњски сили, а според ова овој автомобил би можел да достигне 450 km/h. Велиме “би можел“, бидејќи Bugatti одбива да ги открие неговите перформанси.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар