Поврзи се со нас

Македонија

105 починати од ковид за една недела – 26 биле вакцинирани, повеќето со Синофарм

Објавено

на

„Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од Ковид-19 во период од 8 до 14 октомври 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.“, соопшти Министерството за здравство.

Од 26-те починати лица, двајца биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „Астра Зенека“, четворица со „Синовак“, а 17 со „Синофарм“.

На 8 октомври пријавени за починати се 16 пациенти со Ковид-19. Од нив пет биле вакцинирани: тројца на возраст од 84, 62 и 78 години имале кардиолошко заболување, а двајца на возраст од 63 и 73 години имале кардиолошко заболување и дијабетес.

На 9 октомври пријавени за починати се 18 пациенти, од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и две хронични заболувања дијабетес и кардиолошко заболување.

На 10 октомври пријавени за починати се 14 пациенти. Од нив тројца биле вакцинирани: еден на возраст од 64 години имал кардиолошко и малигно заболување, еден на возраст од 59 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 68 години имал кардиолошко заболување и дијабетес.

На 11 октомври пријавени за починати се 18 пациенти. Од нив шест биле вакцинирани: еден на возраст од 72 години имал кардиолошка и белодробна болест, еден на возраст од 69 години имал кардиолошка болест, еден на возраст од 81 години имал кардиолошка болест и дијабетес, двајца на возраст од 56 и 76 години имале кардиолошко заболување, и еден на возраст од 64 години имал белодробно заболување.

На 12 октомври пријавени за починати се шест пациенти од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и немал нема хронично заболување.

На 13 октомври пријавени за починати се 20 пациенти. Од нив осум биле вакцинирани: четворица на возраст од 48, 77, 78 и 80 години имале кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес, еден на возраст од 61 година имал кардиолошко заболување и хипотироидизам, еден на возраст од 72 години имал кардиолошко заболување, дијабетес и бубрежно заболување, еден на возраст од 77 години имал кардиолошко и белодробно заболување и еден на возраст од 71 година имал кардиолошко заболување.

На 14 октомври пријавени за починати се 13 пациенти. Од нив четворица биле вакцинирани: двајца на возраст од 64 и 74 години имале кардиолошко заболување и дијабетес, еден на возраст од 75 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 77 години имал невромускуларно заболување, информираат од Министерството за здравство.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена