Поврзи се со нас

Македонија

116 години од раѓањето на мавровецот г.г Доситеј, првиот Архиепископ на МПЦ

Објавено

на

    Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на г.г. Доситеј, возобновител и прв архиепископ Oхридски и Mакедонски на МПЦ – Охридска Архиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска Архиепископија во 1767 година.

    Архиепископот Доситеј е роден во Маврово со крстеното име Димитар Стојковски, како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал во под падините на планината Бистра. Целиот свој живот го посветил на службата на црквата и длабоко во себе бил свесен за своето потекло. На вториот црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ. Под негово раководство бил свикан Третиот црковно – народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална.


    ЗА ГОСПОДИН ГОСПОДИН ДОСИТЕЈ

    Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј II, е роден во Маврово, гостиварско, на 7 декември 1906 година. Тој е возобновител и прв архиепископ Oхридски и Mакедонски на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска Архиепископија во 1767 година.

    Неговото крстено име е Димитар Стојковски, а се родил како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината Бистра.

    МОНАХ ОД 17 ГОДИНИ

    Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско. Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“.

    Доситеј останал на Света Гора до 1932 година, кога заради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија. Како монах Доситеј престојувал и во манастирите „Св. Наум (Охрид), „Св. Богородица (Трескавец), Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12.2.1934 г, од страна на владиката Николај, во црквата “Св. Богородица” во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин.

    Посетата на првиот македонски Архиепископ Г.Г. Доситеј (по возобновувањето на древната Охридска Архиепископија) на манастирот Св. Богородица Пречиста, 21 Септември 1973, каде како млад тука бил замонашен.

    НЕПОКОЛЕБЛИВ, ДЛАБОКО СВЕСЕН ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО

    Доситеј длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Обидите на тогашните епископ Николај Велимировиќ и  митрополит Јосиф, да го одродат и да го преобразат Доситеј, а преку него и да ја шират големосрпската пропаганда не успеале. Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а истата година Српската православна црква (СПЦ) не му доделила стипендија за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во 1942 година.

    Како последица на промените во Македонија за време на Втората светска војна, во СПЦ настануваат превирања. СПЦ сака да ја спроведе старата српска црковна политика и да го врати во Македонија стариот и омразен митрополит скопски Јосиф. Доситеј како Македонец, прво го отстрануваат од црквата и го испраќаат да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци. Таму останува до 1949 година, кога прво добива титула архимандрит, а подоцна бил избран за Епископ топлички – викарен на Српскиот патријарх Викенти. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22.07.1951 година.

    Доситеј ја сфаќа политиката на СПЦ и отворено се спротивставувал на ваквите намери. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква. Најголем дел од членови во Одборот биле македонски свештеници, кои по војната останале со народот и ја споделувале неговата судбина. На иницијатива на Одборот во декември 1951 година, Доситеј со благослов на српскиот патријарх Викентиј, ја посетил родната грутка. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, прв пат земјата ја посетил некој македонски Владика. Посетата на Доситеј во Македонија предизвикала негативни реакции кај екстремното свештенство на СПЦ, а по неговото враќање во Белград, било дочекан на нож од поранешниот скопски митрополит Јосиф.

    По посетата, Доситеј и Иницијативниот одбор ги интензивирале контактите при што се договарале за секој чекор поврзан со црковното осамостојување и возобновување на Охридската архиепископија. Во преговорите кои започнале помеѓу Иницијативниот одбор и Српската патријаршија, главно разговорите се воделе околу изборот на епархиските архијереји за испразнетите македонски епархии. Додека СПЦ инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред се, на митрополитот Јован (поранешен четнички војвода и познат по својата асимилаторска политика), дотогаш Иницијативниот одбор решително се залагал на испразнетите места да дојдат Македонски епископи.

    Во 1958 после многу преговори и иницијативи Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир (во мај 1958 година) да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии. Иницијативниот одбор сметал дека на ваков начин конечно ќе се оствари идејата за црковното осамостојување. При високата црковна делегација на СПЦ во Македонија каде по иницијатива на Доситеј било договорено да се отвори македонското прашање Светиот архијерејски синод на СПЦ донел спротивни одлуки.

    По ваквото нагло свртување на политиката на СПЦ, Одборот одлучил да свика Црковно-народен собир на кој ќе поднесе извештај за својата работа, но и да ја возобнови Охридската архиепископија. За тоа се правеле сериозни подготовки и во јули 1958 година бил свикан Собирот. Тоа било едно од најсложените прашања, кои требало да бидат во согласност со канонските правила, но и според желбите на народот кој барал идниот поглавар да биде Македонец. Единствена соодветна личност со совршено минато, монашко искуство и безброј искушенија бил самиот Доситеј.

    АРХИЕПИСКОП НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА

    Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност на одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереји да биде од средината на своите домашни синови, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв Митрополит Македонски. За време на изборот биеле сите камбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во Света Софија, Нестор Поповски официјално му ја соопштил Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.

    Во негово време од темел била возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 била отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје.

    г.г. Доситеј почива во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

    Се до своето упокојување на 20 мај 1981 година во Скопје, како поглавар на МПЦ, Доситеј мудро, чесно и самопожртвувано ја раководеше македонската црква. Возобновителот на Охридската архиепископија, Архиепископот Доситеј стана и остана симбол на МПЦ.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Светпред 6 часа

    „Ова е само почеток, уште ништо не сте виделе“ рече Трамп, на одбележувањто 100 дена од својот втор мандат

    Гостиварпред 7 часа

    Екипи од медицинско и „Мустафа К. Ататурк“ со први места на натпреварот по прва помош во Гостивар

    Гостиварпред 8 часа

    Ревизија на ДЗР на Основниот суд во Гостивар покажала системски слабости и неправилности

    Македонијапред 10 часа

    Почна тестирањето за вработување приватни специјализанти во Скопје, за Гостивар во понеделник

    Гостиварпред 13 часа

    Децата со посебни потреби почесни гости во Советот на Гостивар

    Вестипред 14 часа

    Општински натпревари по прва помош во Гостивар, учениците покажуваат знаења, вештини и хуманост

    Македонијапред 17 часа

    Истекува мерката за ограничување на маржите, ќе има ли поскапување на храната?

    Гостиварпред 1 ден

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Гостиварпред 1 ден

    Се бара решение за големото свлечиште во Галичник

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 3 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 3 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Магазинпред 3 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 4 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Светпред 2 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Културапред 4 недели

    Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

    Гостиварпред 3 недели

    Министерот за култура и туризам Љутков во работна посета на Гостивар

    Гостиварпред 3 недели

    Љутков: Повеќето културни установи во Гостивар без соодветни услови, ќе мора да се интервенира

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена