Македонија
116 години од загинувањето на Гоце Делчев и 39 години од смртта на Тито
Денешниот датум 4-ти мај, историски се памети како ден на смртта на револуционерот Гоце Делчев и на креаторот на екс Југославија, Јосип Броз Тито.
Гоце Делчев е еден од најпознатите борци за независна и слободна Македонија, водач на македонското револуционерно движење. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија, од каде бил исклучен поради своите идеи и дејствување. Работел како учител во Штип. Бил член на Централниот комитет на ТМОРО, учесник на Солунскиот конгрес на ВМРО, 1896 и се ангажирал на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Неговата најпозната визионерска мисла гласи: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Бил убиен од турската војска, на денешен датум, 1903-та година, во селото Баница.
На ист ден, пред 39 години, почина доживотниот претседател на бивша СФРЈ, лидер на КПЈ и маршал – Јосип Броз Тито.
За неговиот лик и дело се врзани контроверзи и различни ставови. Додека едни го сметаат за неприкосновен лидер, други го осудуваат поради тоталитарен режим и градењето на култ кон личноста. Од Втората светска војна Тито излегол како легендарен лидер.
Јосип Броз Тито почина на 4-ти мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар