Поврзи се со нас

Гостивар

Заталкан куршум завршил во автомобил на гостиварец – за пукање по свадби до 500 евра казни

Објавено

на

Опасната традиција на славење со пукање од огнено оружје во полошкиот регион ја има секое лето. Сезоната на свадби и други семејни веселби неизбежно ја обележуваат рафалите, а пушките и пиштолите се омилен реквизит во прославувањето. На последиицте, кои при вакви случаи можат да бидат и крајно сериозни, никој не мисли. Заскитани куршуми завршуваат во дворови, автомобили, на балкони, на улица и многу лесно, освен материјална штета може да има и повредени луѓе.

Пријава за оштетување од затаклан куршум во Гостивар е регистрирана вчера. Полицијата информира дека педесет и осумгодишниот гостиварец М.С, вчера (23 јули)  пријавил дека во периодот од 20 до 23 јули годинава, заталкан куршум го оштетил неговото патничко возило „Фолксваген голф караван“ со гостиварски регистарски таблици. Гостиварецот оштетувањето го забележал вчера додека го паркирал возилото пред неговата работилница на улица „ЈНА“ во Гостивар.

Секторот за внатрешни работи Тетово претходно апелираше до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и да не организираат огномети на недозволен начин.

„Напоменуваме дека пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и дека глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Освен ова, во зависност од последиците, пукањето може да се смета и како кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена затворска казна од една до пет години.  На граѓаните им посочуваме дека и организирањето на огномети треба да се пријавува во полициска станица или полициските одделенија во реонот каде што ќе се организира. Во зависност од категоријата, организаторите треба да ги преземаат предвидените превентивни мерки за да се избегнат несакани последици.“, се вели во апелот од полицијата од каде најавија и поинтензивни контроли во тој правец.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена