Гостивар
14 случаи на коронавирус до сега во училиштата и градинките во Гостивар
Епидемиолошката состојбата со ковид во училиштата и детските градинките на подрачјето на Гостивар за сега се одржува на стабилно ниво, без масовно ширење на вирусот. Градинките беа отворени на 9 септември, додека основните училишта од 1 октомври. Од тогаш, до денес според податоците на општинскиот Сектор за образование вкупно се регистрирани 14 случаи, од кои повеќето се вработени, наставници и во службите, а помалку деца.
„Во ОУ „Гоце Делчев“ има најмногу, односно 4 вработени, 3 ученици, тука ја имаме и бројката од 5 родители. Во другите има по еден до два случаи, како „Исмаил Ќемали“ двајца вработени, „М.К.Ататурк“ еден наставник. Во градинката регистрирани се до сега три позитивни случаи, две воспитувачки и една негувателка. Ова е состојбата до денес, ние постојано ја следиме и преземаме соодветни мерки“, информираше Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Општина Гостивар.
Секое училиште и градинката имаа одредено лице кое го известува Центарот за јавно здравје за случаите и во консултација со епидемиолог, во изолација се ставаат други ученици и вработени, зависно од контактите. Доколку заразените наставници немаат тешки симптоми, продолжуваат со настава онлајн. Ако не се во можност заради здравстевната состојба, тогаш себара замена.
Според последните податоци од Министерството за здравство, во регионот на Гостивар има 285 активни случаи на коронавирус.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник