Гостивар
Расчистени 15 измами во Гостивар, кривична пријава за четворица измамници

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расветли вкупно 15 измами и до Основното јавно обвинителство Гостивар вчера (15 јуни) поднесе кривична пријава против:Б.А.(35) од Скопје и тројца тетовци Р.М.(37), Б.М.(31) и Ш.Ш.(35), поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “измама”, казниво по член 247 став 1 од Кривичниот законик.
Четворицата пријавени, од кои двајца веќе издржуваат затворски казни, се сомничат дека во 2020, 2021 и 2022 година со лажно прикажување и со прикривање факти довеле во заблуда повеќе лица во Гостивар.
Организаторите на овие измами за реализација на истите користеле и други лица, најчесто роднини или блиски на оштетените, а за да бидат поубедливи во нивните измислени приказни и на тој начин противправно да дојдат до различни суми на парични средства.
Најчести жртви на измамниците биле угостители, фотографски студија, фирми за декорација и слично, од кои влечеле пари за наводна организација на различни настани: семинари , симпозиуми, трибини.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022