Вести
15 јули официјално неработен ден, родителите на ученици до 10 години се враќаат на работа
Владата на денешната 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.
На оваа своја седница, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.
На денешната седница Владата го утврди и Протоколот за работа на Дневните центри за деца и лица со попреченост во услови на епидемија на заразната болест КОВИД-19.
„Министерството за труд и социјална политика, како надлежно во делот на дневно згрижување на деца и лица со попреченост, го подготви протоколот кој се заснова на одлуките, препораките, одредбите, протоколите и останатите пишани документи издадени од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по укинување на вонредната состојба и со започнувањето со работа на дневните центри.“, соопштија од владината прес служба.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград