Поврзи се со нас

Здравје и убавина

15 психолошки трикови кои може да ви бидат од голема корист

Објавено

на

1. Кога се смее група на луѓе, секој инстинктивно се врти кон оној што му е посимпатичен од останатите, или кон оној кој го смета за близок пријател.

2. Кога треба да направите нешто што бара голема одговорност или концентрација, односно нешто што обично ве прави нервозни, пробајте да џвакате мастика или пак јадете нешто. На потсвесно ниво тоа е поврзано со чувството на сигурност, затоа што обично јадеме кога не сме загрозени.

3. Ако некој ви е лут, а вие успеете да останете смирени, неговиот гнев уште повеќе ќе се зголеми. Подоцна, тој сигурно ќе се срами од своето однесување.

4. Ако некој ви одговори на прашањето премногу двосмислено, или пак само делумно, не го прашувајте повторно. Молчејќи погледнете го директно во очи. Тој веројатно ќе сфати дека одговорот не е доволен и ќе продолжи да зборува.

5. Изразот на лицето не само што изразува чувства, туку исто така и ги предизвикува. Повратниот одговор функционира беспрекорно, па ако сакате да се чувствувате среќно, насмевнете се колку што е можно повеќе и колку што е можно пошироко.

6. Не употребувајте фрази како „јас мислам…“ или „сметам дека…“ додека зборувате или пишувате. Се подразбира дека вие тоа го мислите, а вака само додавате доза на несигурност.

7. Пред некој важен разговор, замислете си што ве поврзува со соговорникот. Речиси секогаш, од вас зависи како ќе се интерпретира целата ситуација. И вашето спокојство и олеснување може да се пренесат на соговорникот.

8. Ако сте во состојба да се натерате себеси навистина да се израдувате кога ќе сретнете некој, на наредната средба и тој ќе се израдува што ве гледа. (Патем, кучињата постојано ни го прават овој трик)

9. Луѓето имаат тенденција да се спогодат за помалку, ако претходно биле одбиени за повеќе.

10. Многу корисни информации можат да се добијат од положбата на нозете на соговорникот. Ако на пр. чевлите му се насочени на спротивната страна од вас, тоа обично значи дека човекот сака да стави крај на разговорот.

11. Многумина од нас некогаш присуствувале на состанок на кој знаат дека ќе бидат остро критикувани од некоја личност. Во таков случај, најдобро е да седнете до таа личност. Практиката покажала дека тој ќе ја изгуби желбата или намерата да ве нападне, или барем ќе биде многу помек.

12. Повеќето луѓе не ја знаат величенственоста на самодовербата. Ако научите да ја покажувате, едноставно ќе ги привлекувате луѓето.

13. Совет за оние кои работат во услужниот сектор: поставете огледало позади вас. Луѓето ќе се однесуваат многу покоректно бидејќи никој не би сакал да се види себеси нервозен и лут.

14. Корисна навика: забележете ја бојата на очите при првата средба со некоја личност. Тој/таа несвесно веднаш ќе почувствува симпатии кон вас поради подолгиот контакт со очите.

15. На првиот состанок, однесете го партнерот на некое фасцинантно место. Така сите позитивни емоции од тоа место ќе го/ја потсетуваат на вас.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена