Поврзи се со нас

Македонија

150 нови војници во редовите Армијата

Објавено

на

Од вкупно 1144 пријавени кандидати, на 150 професионални војници денеска свечено им беа врачени договорите за работа во редовите на Армијата на Република Северна Македонија.

На Македонија и требаат храбри, подготвени и одлучни девојки и момци кои секогаш ќе бидат таму каде што е најпотребно, бранејќи ги државните интереси и штитејќи ги НАТО сојузниците, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на свеченото обраќање.

Таа нагласи дека со денешниот настан за прием на новите 150 професионални војници се одбележува и успешно завршената 2023 година на македонската Армија, исполнета со многу успеси на армиските припадници, од учество во вежби, освојување медали, учество во мировни мисии, како и во спасувачки мисии.

Благодарение на посветеноста, професионалноста, но пред се на љубовта кон татковината и личната пожртвуваност, денеска армијата е модерна, современа армија, во која припадниците не прашуваат зошто и не барата изговори, туку велат веднаш и дејствуваат, истакна министерката.

Таа нагласи дека голема е честа која денеска им е дадена на војниците, да ја облечат армиската униформа, но уште поголема е обврската која ја добиваат.

Да се биде војник, офицер или подофицер не е лесно и токму затоа ги бираме најдобрите. Патот кој денеска го почнувате не е воопшто лесен, но е благороден. Подгответе се за предизвици, искушенија, пожртвуваност, но никогаш да не се откажете од вашата единствена цел – да и служите на Република Северна Македонија, им порача Петровска на војниците.

Министерката потенцираше дека нивна задача од денеска е да ги почитуваат наредбите на нивните старешини и доследно и без изговори да ги следат правилата и насоките кои ќе им бидат дадени.

На патот кон успехот не барајте скратени патеки и длабоки сенки. Дадете се од себе и ќе бидете најдобри, истакна Петровска и заедно со началникот на генералштабот, заменик министерот за одбрана, државниот секретар и командамтот на Командата за операции им ги врачија договорите на војниците.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 19 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена