Спорт
16 коло: КК Гостивар од 17 часот ја пречекува екипата на ФМП Академија

По тринеделна пауза поради репрезентативни обврски и одигрување на КУП завршницата, продолжува македонското кошаркарско првенство. Во рамки на 16.коло кошаркарите на Гостивар денеска ќе је пречекаат екипата на Навико-Академија ФМП од Скопје.
КК Гостивар со неколкуте порази го изгуби чекорот со екипите од врвот на табелата „бело-сините“ од 5 последни натпревари имаат 4 порази, со збир од 9 победи и 6 порази се најдоа на 7. позиција на табелата, но ништо не е загубено и гостиварци имаат реални шанси да се вратат во горниот дел на табелата пред почетокот на завршниот плеј-оф. КК Гостивар паузата ја искористи за мал ремонт на играчкиот кадар, по ненадејното заминување на Андреј Маслинко и ангажирањето на Виктор Исајлоски, клубот се ослободи и од најдобриот поединец во досегашниот дел од првенството Лувејн Пипкинс и од вториот американец Вајтли. Нив ќе ги замени српскиот интернационалец Немања Жигон кој ќе дебитира на денешниот натпревар.
Традицијата во меѓусебните дуели помеѓу овие две екипи е на страна на домаќинот, од 7 последни пресметки КК Гостивар има 4, ФМП Академија 3 победи.
Натпреварот во Спортската сала Младост се игра од 17 часот, во живо може да го следите ТУКА.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава