Вести
2,5% од криминалните дела во полошко ги прават деца
Педесетина малолетници во гостиварско-тетовскиот регион, минатата година „заработиле“ пријави за кривични дела. Според анализите на полицијата, децата, лани во вкупниот криминалитет на подрачјево, учествувале со 2,5%.
Најголемиот број од малолетниците се осомничени за учество во кражби (12) и тешки кражби (8). Карактеристично е тоа што четворица од нив извршиле кражби кај родители или блиски роднини. Покрај ова, лани малолетници биле извршители и на шест кражби на автомобили.
„Може да се издвои тоа што во извршувањето на тешките кражби, децата во значителен број, биле непосредно поттикнати и координирани од повозрасни лица, кои на ваков начин ги искористиле за релизирање на нивните криминални активности“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Извесен број малолетници незаконски се однесувале и кога станува збор за безбедноста на сообраќајот, злоупотребувале лични податоци на социјалните мрежи или учествувале во насилства и тепачки со други лица.
Многу од сторителите на малолетничкиот криминал и претходно биле дел од вакви или слични кривични дела.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар