Поврзи се со нас

Магазин

2 главни причини зошто другите не ве разбираат!

Објавено

на

Одговорот лежи, во голем дел, во еден едноставен факт: Човечкиот мозок не е подготвен да троши голем дел од својата енергија и капацитет за преработка, освен ако навистина не мора. За да се заштити, мозокот се потпира на едноставен, ефикасен процес на размислување, доволен да се завршат неопходните задачи. Има премногу случувања, премногу за да се забележи, да се разбере и да се дејствува. Мозокот не е во состојба на секој поединец и појава да им го обрне своето неподелено непристрасно внимание.

Значи, кога станува збор за перцепцијата на вас, вашите колеги (несвесно) се потпираат во голема мера на претпоставки, омилени кратенки на „скржавиот“ мозок. Овие претпоставки влијаат на нивната перцепција за вас, како ги толкуваат и паметат перцепираните информации.

Претпоставките доаѓаат во многу варијанти, но две од најмоќните и продорни од нив се пристрасно потврдување и примарен ефект.

Пристрасно потврдување

Кога други луѓе  ве гледаат, тие го гледаат она што очекуваат да го видат. Ако тие имаат причина да веруваат дека сте паметни, тие ќе видат докази за интелигенција во вашето однесување, без оглед дали реално постојат или не. Ако тие имаат причина да веруваат дека сте нечесни, тие ќе го толкуваат недостатокот на контакт со очите или чудниот говор на телото како доказ дека сакате нешто да сокриете, што е спротивно на доказите дека вие сте срамежливи, расеани или во гастритичен дисбаланс.

Луѓето ќе го толкуваат вашето тековно однесување на начин кој е конзистентен со вашето минато однесување и тие имаат тенденција да ги минимизират или целосно да ги игнорираат доказите кои се спротивни на постоечкото мислење кое го имаат. Најинтересно е дека воопшто не се свесни дека го прават тоа.

Пристрасното потврдување е обликувано од многу фактори. Стереотипите за групите на кои припаѓате, вашата привидна сличност со други луѓе, вашите и нивните општествени ставови, се меѓу повеќето варијабли. И се разбира, заедничкото минато, доколку го имате, игра голема улога.

Доколку сте биле друштвен, песимистист, или лидер во минатото, разумно е да се мисли дека, најверојатно, така ќе биде во иднина и да се протолкува вашето однесување соодветно на таа логика.

Проблемот, сепак, е дека нашите први впечатоци за едно лице може да создадат премногу тежина и да не однесат до погрешни заклучоци.

Ефект на примарност

Првите впечатоци имаат огромно влијание. Со други зборови, информациите за некоја личност во почетокот на нашата опсервација влијаат на тоа како ние ја интерпретираме и се сеќаваме на се она што доаѓа потоа.

Замислете две деца кои решаваат математички тест со 30 прашања. Во првата половина, Tими решава 14 од вкупно 15, додека Џон решава само шест. Во втората половина, Џон решава 14, а Tими само шест. Објективно, овие две деца имаат ист успех на тестот, 20/30 точни одговори. Значи рационално, заклучокот е- нивото на знаење е исто.

Во реалноста, заклучокот не е тој. Дури ни приближно. Во неколку студии, истражувачите пронашле дека Tими е перципиран како повеќе талентиран и успешен, дури и од страна на експерти и наставници по математика.

Тоа е така затоа што ефикасноста на првата половина на тестот врши далеку поголемо влијание врз пресудата за перформансите од втората. Во суштина, кога тестот е само половина завршен, посматрачите веќе заклучуваат дека Тими е паметен, а Џон не е. Се што се случува потоа, не го менува првиот впечаток.

Импликациите на овие наоди се застрашувачки. Не е невозможно да се променат првите впечатоци, но е навистина тешко. Џон ќе треба да презентира убедливи докази за неговите математички способности , додека Tими среќно ќе си седи. Проблемот за Џон е дека можеби нема да добие шанса да го поправи впечатокот, можеби и ќе биде запишан на дополнителни часови по математика и евентуално целосно ќе се обесхрабри и ќе се откаже.

Патем, примарниот ефект е причината зошто вашите родители се’ уште се однесуваат кон вас како да имате 12 години, дури и на 40. Во нивните очи, се’ уште сте првичната верзија од вас која ја паметат.

Што можете да направите во врска со тоа?

Трудете се да оставите навистина реален прв впечаток.

Често, тоа значи да ги искажете вашите мисли и намери јасно. Не оставајте простор луѓето да направат претпоставки за тоа кои сте како или што сакате, бидејќи може да произлезат низа погрешни интерпретации, а потоа ќе имате тежок пат за поправање на штетата.

Станете свесни дека пристрасното потврдување е сериозен непријател.

Доколку некој ве гледа на веќе установен начин, направете нешто да добиете внимание. Ако вашиот шеф мисли декa сте „одложувач“, почнете извесен период предвреме да ги извршувате задачите. Доказите мора да бидат доволно големи за да ги победат пристрасните претпоставки од минатото.

Статијата е објавена од д-р Хајди Грант Халворсон во „The Science of Success“.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена