Поврзи се со нас

Занимливости

20 интересни факти за парите

Објавено

на

[tps_header][/tps_header]

1. Во едно истражување, на 90% од американските банкноти од 1 долар пронајдени се траги од кокаин.

2. Првата хартиена пара доаѓа од Кина, а издадена пред околу 1400 години.

3. Секоја година се печатат повеќе пари за популарната игра Monopoly отколку вистински банкноти.

4. Ако имате 10 евра во џеп, а при тоа немате никаков долг, побогат сте од 25% од Американците.

5. Најголемата банкнота на светот ја издала филипинската влада во 1998-ма година – 100.000 филипински пезоси. Со оглед на тоа дека оваа банкнота е голема колку лист со А4 формат, издадена е во мал број примероци, а колекционерите ја купувале за 180.000 филипински пезоси.

6. Првиот банкомат (АТМ) е направен и инсталиран во Лондон 1967-ма година.

7. Од Австралија до Тринидад и Тобаго, портретот на кралицата Елизабета II го краселе валути од 33 различни земји – повеќе од било која друга личност на светот.

8. За да се носат со хиперинфлацијата која достигнала (смешно) ниво од 231.000.000%, властите во Зимбабве издале банкнота од 100 трилион долари.

9. Според една научна студија, доколку сакате да заштедите пари не допирајте ништо по продавниците. Кога нешто ќе допрете одма се зголемува желбата нештото да го купите, па дури и повеќе да платиме за истото.

10. Во 2012-та година, 100-те најбогати луѓе на светот имале доволно пари да му стават крај на глобалната сиромаштија и тоа 4 пати.

Последните зборови на Боб Марли биле: “Парите не можат да го купат животот“

11. Коцкањето годишно генерира повеќе профит од филмовите, спортот, тематските паркови, крстарењата и музичката индустрија заедно!

12. Во Германија во 1923-та година, банкнотите изгубиле толку вредност што луѓето ги користеле како тапети.

13. Нацистите фалсификувале британски фунти во вредност од 134.610.810 фунти. Нивниот план бил да ја дестабилизираат британската економија, а овие фалсификувани банкноти и денес се сметаат за едни од најсовршените фалсификати во светот.

14. Мостовите и капиите прикажани на евро банкнотите не прикажуваат вистински градби, туку само стилови на градба.

15. Низ историјата, луѓето користале разни облици на пари, а некои од најпопуларните биле сапун, какао, влакна од слонова опашка, житарки, животинска кожа, пердуви, чај, тутун…

16. Во средниот век, витезите не сакале да носат никаков вид на пари (златници, сребро итн.) поради пљачкосување. Наместо тоа, витезите носеле прстени. Кога витезот би сакал нешто да плати, на пример: во гостилница, тој на парче хартија би ставил печат со својот прстен, па потоа гостилничарот со тоа парче хартија ќе си ги подигнел парите од дворецот каде живеел витезот.

17. Најрано забележано фалсификување на пари се случило 540-та година пред нашата ера кога Поликрат од Самос користел лажни златници да го плати долгот кај Спартанците.

18. Денес во светот се користат повеќе од 170 различни валути.

19. Во светот постојат повеќе од 1,6 милиони банкомати, а најмногу се користат во петок.

20. Само 8% во светот се “физички пари“, остатокот се во електронска форма.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена