Останато
2022 НИЗ ФОТОГРАФИИ: Еден ден на пазар во Гостивар
Се вели „Една слика, илјада зборови“, а фотографиите отсекогаш важат и за најубави спомени. Токму затоа, во последниот месец од годинава, ќе реемитуваме повеќе од 15 фоторепортажи од настаните кои ги овековечивме низ објективот на Gostivarpress.mk. Заедно се потсетуваме што „сликнавме“ во 2022 година..

„Во Тетово, вторник да ти било во четврток“, а вака помина еден летен вторник во оваа 2022 година во Гостивар.
Гостивар, вторник, 14 јуни 2022 – Полни тезги со богата и разновидна понуда, главно на зеленчук и овошје и голем број граѓани излезени да пазаруваат. Вака беше претпладнево на вторничкиот пазарен ден на градскиот пазар во Гостивар. Забележливо е намалување на цените на земјоделските производи, а некои се дури и преполовени за разлика од претходната недела.
Најбарани, како вообичаено во овој период од годината се патлиџанот, пиперките, краставиците, како и праските, црешите и лубеницата. Но, без оглед на тоа што решиле да пазаруваат и однесат дома, воочливо беше дека граѓаните не купуваат во големи количини, туку колку да има за неколку дена.
„Излеговме да пазаруваме, тоа ни е традиција секој вторник. Денес не е скапо, ама ако купиш од се‘ по малку, пак ќе отидат 500 денари. Затоа си земаме само тоа што ни е најосновно, за салата и за освежување некое овошје“, ни рече гостиварец.
Килограм патлиџан јабучар се продава по 40-50 денари, краставиците 3 килограми за 100 денари, пиперките од 50 до 70 денари, зелката 30 денари, компирот 30-40 денари, марулата 10 денари парче. Од овошјето најскапи се лимоните 120 денари за килограм, праските и бананите се продаваат по 60 денари, кајсиите по 80, додека црешите држат цена од 100 денари. Килограм стар кромид чини 30 денари, додека врзоп млад кромид 10 денари.
На гостиварскиот пазар освен зеленчук и овошје се продаваа и јајца, сирење, мед, свежо цвеќе и др.

На пазарот во Гостивар денес можеше да се сретне и несекојдневен цвет кој е вистинска реткост на овој дел од земјината топка – Калистемон. (lat. Callistemon viminalis) е зимзелена грмушка што припаѓа на родот Myrtaceae и вклучува повеќе од 40 видови. Потекнува од Австралија, поточно Нов Јужен Велс и Квинсленд, најчесто расте во близина на море. Единствениот примерок на пазарот се продаваше за 50 евра.
Купувачите се задоволни од поевтинувањето, но тезгаџиите негодуваа, особено оние кои самите се производители.
„Со ваков пад на цените, ние не можеме да си ги покриеме трошоците, за трудот и работата да не правиме муабет. Не е исплатливо“, рече еден од продавачите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава