Гостивар
22 дена во новата година воздухот во Гостивар бил загаден – податоци од МЖСПП

Речиси секој втор ден годинава, гостиварци дишеле загаден воздух. Според официјалните податоци од Министерството за животна средина, од 1 јануари до 21 февруари, прагот на штетни ПМ10 честички во воздухот во Гостивар бил надминат 22 дена. Според законските регулативи, во тек на една година, максималниот број на денови со надминување на прагот е определен на 35.
Последното надминување, според МЖСПП е евидентирано вчера (21 февруари), кога нивото на ПМ10 било 74,5 микрограми на метар кубен. Највисоко среднодневно ниво на овие штетни честички во текот на месецов, имало на 17 и 20 февруари, кога вредностите биле дуплирани.
Во извештајот на Министерството за периодот од 15 до 21 февруари се наведува дека среднодневната гранична вредност за РМ10 честички (50 микрограми на метар кубен) е надмината на повеќе мерни места во земјава меѓу кои и Гостивар: Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ѓорче Петров, Битола 1, Битола 2, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Куманово, Тетово и Велес 2.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче