fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

22 граѓани во Гостивар ставени во изолација со решенија изминатото деноноќие

Објавено

на

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, во изминатото деноноќие на гостиварското подрачје Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвил нови решенија за изолација на 22 лица. Истиот период, биле исконтролирани 123 граѓани со вакви решенија и при тоа не било утврдено непочитување, односно сите биле во домовите.

Контролите на полицијата во регионот на Гостивар и во петок и сабота на граѓаните кои имаат решенија за изолација поминале без утврдени прекршоци. Така не било на тетовското подрачје, каде тие денови полицијата регистрирала 2 случаи на непочитување на решенијата. Наместо да седат дома во изолација, две лица, од кои едното позитивно на Ковид се шетале надвор, и посетиле угостителски објекти.

Регионот на Гостивар, заклучно со 10 октомври е со 75 активно заразени со коронавирус, додека тетовско со 210.

Сподели:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!