Гостивар
28 кривични дела поврзани со дрога во Гостивар за половина година

Во првите шест месеци од оваа година Секторот за внатрешни работи Тетово евидентира вкупно 55 кривични дела (Тетово-27 и Гостивар-28) од областа на недозволена трговија со наркотични дроги или 13 повеќе во споредба со истиот период лани, кои целосно се расчистени и заокружени со 50 кривични пријави против 72 сторители. „Откривачката функција во овој период е зголемена за 24 проценти. Најголемиот број од кривичните дела (50) биле „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а 5 „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во периодот за кој станува збор на подрачјето на СВР Тетово пронајдени и одземени се различни видови наркотични средства, најмногу марихуана и кокаин, но и екстази, хероин и друго.“, информира СВР.
Во изминатите шест месеци од годинава биле изготвени и 30 барања за поведување на прекршочна постапка (Тетово-27 и Гостивар-3) против 39 сторители (Тетово-34 и Гостивар-5) за сторени исто толку прекршоци, пред се поврзани со уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар