Поврзи се со нас

Спорт

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Објавено

на

Во 22.коло во Втората фудбалска лига – Запад на Градскиот стадион во Гостивар денеска гостуваше најтрофејниот фудбалски клуб во земјава, некогаш големиот, денес просечен второлигашки клуб ФК Вардар.

За ФК Гостивар резултатски не толку важен дуел, гостиварци од поодамна ги загубија шансите за влез во Првата лига, но желбата да се запише победа против најтрофејниот фудбалски клуб во земјава секогаш е присутна. За „црвено-црните“ ова беше натпревар кој не смееа да го загубат во трката за второто место на табелата.

Натпреварот започна отворено, со по еден поништен гол на двете страни. Во 9.минута од натпреварот крилниот напаѓач на Вардар, Бенјамин Демир им донесе водство на гостите од Скопје од 0-1.

Следуваше изедначена борба пред се на средината на теренот без посериозни шанси на двете страни, се до 45. минута кога по еден дуел во шеснаесетникот на Вардар судијата покажа на белата точка, на што гостинските играчи бурно реагираа на одлуката.

Хусеин Демири беше прецизен од 11 метри, на паузата се замина со резултат 1-1.

Во вториот дел, гостите од Скопје тргнаа на се или ништо, во 46.минта следуваше уште една спорна одлука на судиите, кога беше прекината полуконтра на гостите поради офсајд, а во шеснаестникот на домаќините 20 метри понапред лежеше играч на Гостивар, по што следеше уште една бурна реакција на играчите на Вардар кон помошникот кој го крена знаменцето во дадената ситуација.

Иако, победата им беше повеќе потребна на вардарци, како одминуваше времето така домаќините ја преземаа иницијативата на теренот. Во судиското продолжение следуваше канонада на голот на гостите, Филип Гачевски со серија фантастични одбрани спречуваше пораз за вардарци, но капитулираше во 94.минута кога Ринор Ајдини погоди за голема радост на домаќините и победа од 2-1.

Со овој пораз ФК Вардар направи голем чекор назад во трката за пласман во Првата лига, ФК Гостивар ја запиша 7 победа за сигурно 5.место на табелата. До крајот на првенството остануваат уште 6 кола.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена