Вести
2МФЛ: ФК Гостивар нерешено во Кичево – Вардар од Форино загуби дома
Викендов се одигра 12-тото коло од 2МФЛ – Запад, кое не беше најсреќно за претставниците на Гостивар во ова натпреварување.
ФК Гостивар имаше тежок натпревар против екипата на ФК Велазерими. На градскиот стадион во Кичево одиграа нерешено 1:1. Гостиварци поведоа во првата минута, со погодокот на Бурак Менга, домаќините израмнија во 10 минута и мрежите мируваа до крајот на натпреварот. По 12 одиграни кола екипата на Гостивар и има 5 победи, 4 нерешени, 3 порази и се наоѓа на 5. позиција на табелата. Во следното коло ФК Гостивар ќе му гостува на Кораб во Дебар.
Фудбалерите на Вардар од Форино на домашен терен играа со екипата на ФК Лабуништа. Резултатот го отворија домаќините во 16. минута поведувајќи со голот на Елмир Алији, но тоа беше се што прикажаа. Гостите од Струга успеаа да направат целосен пресврт и однесат трите бода од Гостивар, натпреварот заврши 1:2. Форинци со 17 бодови се наоѓаат на 6.позиција на табелата. Во следното коло ФК Вардар ја пречекува екипата на Велазерими 77.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград