Спорт
2МФЛ: ФК Гостивар подобар од Кораб – Вардар Форино загуби во Кичево
Викендов се одигра 3-тото коло од Втората МФЛ – Запад. Фудбалерите на ФК Гостивар ја пречекаа екипата на Кораб, ФК Вардар од Форино гостуваше во Кичево кај екипата на Велазерими 77.
После победите над Лабуништа/Тетекс во минатото коло, ФК Гостивар запиша нови три бода, совладувајќи ја екипата на Кораб од Дебар со резултат 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигнаа Валтрин Ќали во 25. минута. ФК Гостивар по три одиграни кола се наоѓа на делба на првата позиција со ФК Скопје, со по 7 бодови. Во следното коло ќе ја пречека екипата на Велешта.
Вардарци од Форино загубија на тешкото гостување во Кичево, екипата на Велазерими 77 славеше со резултат 2:0. Головите за домаќините ги постигна Адили од пенал во 43. и Рамадани во 59. минута. Форинци од три одиграни натпревари имаат два бода и се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата. Во следното коло ќе гостуваат во Дебар кај екипата на Кораб.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар