Спорт
2МФЛ: ФК Гостивар загуби дома од Кадино – Вардар од Форино дисквалификуван во најнизок ранг на натпреварување
Викендов се одигра 18. коло во Втората македонска лига – Запад, во кое ФК Гостивар доживеа изненадувачки пораз од екипата на Кадино 0-3.
Гостиварци загубија важни три бода во трката за првите две места кои водат во Првата лига, од седмопласираната екипа на табелата, тимот на Кадино од Скопје. Ивановски, Христовски и Ристовски беа стрелци за гостите од Скопје, запишувајќи ја 5-та победа сезонава. ФК Гостивар со 33 бодови се наоѓа на 3. позиција на табелата.
Изминатава недела стигна и официјалната одлука за Фудбалскиот клуб Вардар Форино кој поради две неоправдани непојавувања на терен, во една натпреварувачка сезона е исфрлен од лигата.
„Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82. од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за дисквалификација на екипата на ФК Вардар с. Форино од понатамошно натпреварување во Втора МФЛ – Запад поради неоправдано непојавување на натпреварот од 17. коло на Втора МФЛ – Запад помеѓу ФК Вардар с.Форино – КФГ Гостивар закажан на 27. февруари 2021 година во Гостивар. Комисијата за натпреварување овој натпревар го регистрираше со службени 0:3 за екипата на КФГ Гостивар. Екипата на ФК Вардар с.Форино се враќа во најнизок ранг на натпреварување во Општинскиот сојуз каде што припаѓа – ОФС Гостивар“, се вели во соопштението на ФФМ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар