Спорт
2МФЛ: Прва победа за ФК Гостивар, Вардар од Форино пак нерешено

Викендов се одигра 2.коло во Втората македонска фудбалска лига. Екипата на ФК Гостивар ја запиша првата победа во новата сезона, а Вардар од Форино повторно одигра нерешено.
ФК Гостивар го играше полошкото дерби со новиот второлигаш екипата на Тетекс во Тетово, која пак се најде во Втората лига по фузијата со Лабуништа. Домаќините поведоа уште во 3.минут, со голот на поранешниот гостиварец Лавдрим Скендери. Новото засилување Иван Настески го израмни резултатот во 43. минута, а најголемото засилување за гостиварци летово Христијан Кировски со погодоците во 62. и 88. минута ја донесе првата победа во новата сезона. Во следното коло ФК Гостивар ќе ја пречека екипата на Кораб од Дебар.
Вардар од Форино на Градскиот стадион во Гостивар, имаше тешка задача против екипата на ФК Скопје. Форинци одиграа одличен натпревар во кој постигнаа 3 гола и ја имаа предноста до пред самиот крај. Егзон Азири постигна два гола во 44. и 70. минута, Музафер Бекир беше прецизен од пенал во 66. минута. Натпреварот заврши 3:3, што е втор нерешен резултат за Вардар. Во следното коло форинци ќе гостуваат кај екипата на Велазерими во Кичево.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила