Поврзи се со нас

Вести

2МФЛ: Вардар од Форино го декласираше Охрид – Гостивар загуби од Лабуништа

Објавено

на

Викендов се одигра 7-то коло од Втората МФЛ – Запад. Фудбалерите на ФК Вардар од Форино ја пречекаа екипата на Охрид, ФК Гостивар гостуваше во Струга кај екипата на Лабуништа.

Со резултат 4:1 фудбалерите на Вардар од Форино ја декласираа екипата на Охрид. Мрежите мируваа првите 45 минути на Градскиот стадион во Гостивар, а домаќините се разиграа во вториот дел од натпреварот и успеаа да запишат нови три бодови. Мухамед Бекир ја најави голгетерската серија со погодок во 50.минута. Алији со два гола во 66. и 78.минута го зголеми резултатот, за две минути подоцна Ејупи да стави печат на победата со четврти гол. Секулоски со погодок за охриѓани го постави конечниот резултат во 82. минута 4:1. За вардарци ова е трета победа и со 9 бодови се наоѓаат на седмата позиција на табелата.

ФК Гостивар гостуваше кај Лабуништа во Струга и ги загуби бодовите во финишот од натпреварот. Иако со голот на Шериф Реџепи уште во 6. минута, гостиварци имаа предност на полувреме. Во вториот дел не го издржаа притисокот на домаќините. Хасан изедначи на 1:1, за Љамчевски во 87. минута погоди за целосен пресврт на натпреварот. ФК Гостивар со 3 победи и 2 нерешени натпревари се наоѓа на четвртата позиција со 11 поени.

Во следното, 8-мо коло, на Градскиот стадион во Гостивар за првпат во рамките на Втората македонска лига – Запад, ќе се сретнат токму овие две екипи. ФК Гостивар ќе ја пречека екипата ФК Вардар од Форино.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена