Вести
2МФЛ: Вардар од Форино нерешено дома – ФК Гостивар загуби во Дебар
Викендов се одигра 13-тото коло од 2МФЛ – Запад, кое не беше најсреќно за претставниците на Гостивар во ова натпреварување.
Фудбалерите на Вардар од Форино на домашен терен играа со екипата на ФК Велазерими од Кичево. Натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат, без голови 0:0. Форинци со 18 бодови се наоѓаат на 6.позиција на табелата. Во следното коло ќе му гостуваат на ФК Скопје, во Скопје.
ФК Гостивар беше фаворите против екипата на Кораб од Дебар. Гостиварци поведoa во 20.минута со погодокот на Кристијан Ристовски. Но тоа беше се што прикажаа фудбалерите. Со погодоците во 45. и 82.минута, дебрани се изборија за целосен пресврт, натпреварот заврши 2:1. По 13 одиграни кола екипата на Гостивар и има 5 победи, 4 нерешени, 4 порази и се наоѓа на 5. позиција на табелата. Во следното коло ФК Гостивар го пречекува лидерот на табелата Пелистер.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар