Спорт
2МФЛ: Важна победа за Вардар од Форино – ФК Гостивар го запиша првиот пораз сезонава

Викендов се одигра 9-то коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад. Фудбалерите на ФК Вардар од Форино на домашен терен ја совлада фаворизираната екипа на Велешта, додека ФК Гостивар го запиша првиот пораз, загуби од Кадино.
Со резултат 3-2 фудбалерите на Вардар од Форино ја совладаа екипата на Велешта, која влезе како фаворит во овој дуел. Аријан Ејупи го отвори резултатот во 36. минута, за две минути подоцна Рони Синани зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на полувреме. Вардарци офанзивно влегоа и во вториот дел, по само 8 минути игра, со вториот погодок на Ејупи веќе имаа сигурно водство од 3-0. Гостите од Велешта успеаа до крајот на натпреварот да постигнат два гола за конечен резултат од 3-2, но немаа сили за целосен пресврт. Со овие три бодови форинци се извлекоа од опасната зона, со можност за приклучок кон средината на табелата. Во следното коло ќе ја пречекаат екипата на Дрита од Боговиње.
ФК Гостивар гостуваше во Скопје кај екипата на Кадино, која успеа да го сопре лидерот на табелата, славејќи со 3-0. Ринор Ајдини, Кристијан Ивановски и Дамјан Масевски беа стрелци на головите за Кадино на овој меч. За гостиварци ова е прв пораз сезонава, но и покрај изгубените бодови останува лидер на табелата. Во следното коло гостиварци ќе патуваат за Охрид, каде ќе се сретнат со истоимената екипа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче