Поврзи се со нас

Гостивар

30 мотоциклисти „заработија“ казни во вчерашната контрола во Гостивар

Објавено

на

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (12 јуни) од 17 до 22 часот спроведена е акциска контрола на мотоцикли во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 63 прекршоци, од кои 33 во Тетово и 30 во Гостивар. Повеќе од половината од констатираните прекршоци (38) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-18 и ГВ-20),  12 лица (ТЕ-9 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без положен возачки испит и соодветна дозвола за тоа и така натаму. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки, информира СВР.

При контролата, исто така, санкционирани биле и 19 други видови сообраќајни прекршоци.

За една недела на поширокото тетовско-гостиварско подрачје биле изречени над 100 мерки на мотоциклисти, од кои најмногу за некористење на потребната заштитна опрема, односно шлем, со напомена дека глобата за овој вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност, а за управување без дозвола 250 евра, исто така, во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да ја користат законски предвидената заштитна опрема, да не ги управуваат мотоциклите без положен испит и навреме да ги регистрираат. Ова, уште повеќе што во наредниот период планирани се почести контроли, со цел да се откријат и санкционираат сите оние мотоциклисти кои ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена