Гостивар
30 невработени ќе чистат диви депонии во Гостивар, дневницата е 400 денари
Триесет невработени лица со ниски квалификации ќе расчистуваат диви депонии на подрачјето на Гостивар. Нивниот ангажман ќе трае еден месец, за кое време ќе им се исплаќаат дневници. Активноста ја спроведува гостиварската општина, преку Агенцијата за вработување. Целта е да се даде шанса за заработка на невработени граѓани, а истовремено да се придонесе за почиста животна средина.
Освен дневница, за лицата ќе биде вклучено и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа. Доколку се корисници на социјална помош, за времетраење на работното ангажирање нема да го изгубат тоа право.
„Имаше еден конкурс од Агенцијата за вработување за општините, ние конкуриравме и ни се одобри ангажирање на 30 физички работници. Тие ќе бидат ангажирани за чистење на диви депонии и отпад од населените места. Тоа ќе го изведеме преку двете јавни претпријатија кои имаат и соодветна механизација. Лицата ќе добиваат за оваа работа 400 денари дневница што ја обезбедува Агенцијата, а мал дел односно 80 денари дополнува општината.“, вели Зуди Џелили, раководител на Сектор за заштита на животната средина во Општина Гостивар.
Последната студија која била направена за Гостивар покажала дека на територијата на општината има 11 диви депонии.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар