Поврзи се со нас

Гостивар

300 социјални семејства од Гостивар добија таблети, компјутери и телефони за настава на децата

Објавено

на

Во вонредна состојба кога образованиот процес  е организиран преку интернет, семејствата од социјален ризик се соочуваат со дополнителна мака: како на децата да им обезбедат услови за да можат да ја следат наставата. Во тој поглед, донациите се добредојдени и од голема помош.

Според податоците на општинскиот Сектор за образование, на гостиварското подрачје регистрирани се околу 900 социјално загрозени семејства чии деца поради немање соодветни електронски уреди, не можеле да учат. Преку донации од фирми, поединци и граѓански организации до сега биле обезбедени таблети, лап топи и смарт телефони за околу 300 семејства.

Вчера беа распределени 100 таблети, донација на тетовската фирма Еколог, а претходно гостиварската компанија Нани принт подари 55 компјутери. Organized Youth Association спроведе повеќедневна акција во која беа собрани 40  електронски уреди (телефони, таблети, компјутери и лаптопи), исто така наменети за ученици од ранливи семејства. Донации беа доставувани и од други компании.

Сепак, поради сиромаштија, надвор од образованиот процес во регионот на Гостивар, се уште остануваат ученици од околу 600 семејства.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена