Македонија
32% од позитивните на ковид биле вакцинирани, 98% од хоспитализираните невакцинирани

Во периодот од 6 август до 16 декември на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се тестирани 64.963 граѓани, од кои 20.894 или 32 отсто биле целосно вакцинирани, покажува објавената анализа на вакцинирани на Министерството за здравство.
– Според статистика за изминативе недели, 44.069 граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98 отсто, додека само 2 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, се наведува во анализата, каде се посочува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се примиле две дози вакцини и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза.
Смртноста кај невакцинираните, е поголема.
– Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид-19, од кои 1790 пациенти не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон, покажува анализата.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, нагласувајќи дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.
– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, посочува Министерството за здравство.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022