Поврзи се со нас

Македонија

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Објавено

на

За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците, досега се склучени договори од 3,5 милиони евра. Оваа сума од 3,5 милиони евра допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек, се наведува во најновото истражување за трошоците за зимско одржување на патиштата во земјава, денеска објавено од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето покажало дека ЈП за одржување на патиштата сè уште нема склучено договор со фирма за зимско одржување на патиштата низ земјава.

  • Речиси и да нема конкуренција на тендерите за зимско одржување на кои просечно има по 1,4 понуди по тендер, а на 71 % од тендерите имало само по една понуда. Со најголема вредност од 1,3 милиони евра годишно е тендерот за индустриска сол на ЈП за одржување на патиштата. Градот Скопје и уште 8 скопски општини заедно ќе потрошат повеќе од 1 милион евра за улиците низ главниот град. Најмногу пари ќе добие фирмата Лугос ЛЦ – 2,3 милиони евра за две години, за индустриска сол за патиштата, се наведува во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето, како што се посочува во соопштението од Центарот за граѓански комуникации, ги вклучува договорите кои се објавени на Електронскиот систем за јавни набавки заклучно со 10 јануари 2025 година.

За оваа зима, според истражувањето, државните институции во земјава склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари, односно 3.569.106 евра.

Во соопштението стои дека се склучени вкупно 49 поединечни договори, коишто, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за патиштата. Вакви тендери имаат: Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, 38 општини, Градот Скопје и Електрани на Северна Македонија.

  • Локалната самоуправа ќе потроши 2,3 милиони евра за зимско одржување. Триесет и девет единици на локална самоуправа имаат склучено договори за зимско одржување, односно за набавка на механизација, сол и ризла за улиците и патиштата. Од сите нив, најголем е тендерот на Град Скопје, кој за оваа намена годишно троши по повеќе од половина милион евра. Од другите општини, највредни тендери за зимско одржување имаат Битола, околу 250 илјади евра, Кичево – 134 илјади евра, Центар – 116 илјади евра, Гази Баба – 113 илјади евра, Гостивар 96 илјади евра и Струга 92 илјади евра, се додава во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Само за Скопје, се посочува, има повеќе од милион евра за справување со снегот и мразот

Инаку, за главниот град Скопје, покрај тендерот на Град Скопје, тендери за зимско одржување на улиците имале и уште осум други скопски општини. Најголемите се на Општина Центар – 116 илјади евра и на Општина Гази Баба – 113 илјади евра. Вкупно, овие осум општини исто така имале повеќе од половина милион евра за чистење на снегот и мразот.

  • Ова значи дека за територијата на Град Скопје предвидени се повеќе од еден милион евра за зимско одржување и чистење на улиците. Највреден договор, засега е оној за набавка индустриска на сол, соопштија од Центарот за граѓански комуникации.

Кога станува збор за фирмите, покажува истражувањето од Центарот за граѓански комуникации, најголем договор имала фирмата Лугос ЛЦ од Скопје, која со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта има склучено двегодишен договор за снабдување со индустриска сол за патиштата во вкупна вредност од 2 милиони и 300 илјади евра.

Втора е фирмата Нексос Инженеринг од Скопје со договорот од 1 милион и 55 илјади евра склучен со Градот Скопје за двегодишно ангажирање на специјални возила за зимско одржување на улиците.

Трета е фирмата Анизор Драшко од скопското село Шишево која има склучено договори за зимско одржување со пет скопски општини во вкупна вредност од 342 илјади евра.

  • Многу мала конкуренција на тендерите. Просечниот број понуди на склучените договори за зимско одржување на патиштата изнесува 1,4 по тендер, што е исклучително ниско ниво на конкуренција. За ова зборува и податокот дека дури на 71 % од тендерите имало само по една понуда. Вистинска конкуренција од дури 6 понуди имало само на еден тендер, и тоа на најголемиот – за индустриска сол за патиштата, стои во извештајот денеска објавен од Центарот за граѓански комуникации.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 14 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 15 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 17 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 18 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 18 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 19 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 20 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 21 час

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 22 часа

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена