Поврзи се со нас

Гостивар

36 негувателки и воспитувачки во Гостивар вакцинирани со Спутник, во градинките нема позитивни на коронавирус

Објавено

на

Работата на детските градинки во Гостивар тече непречено, според протоколите за заштита од ковид и моментално нема позитивни на вирусот меѓу вработените, ниту пак во изолација. Со прва доза Спутник биле вакцинирани 36 негувателки и воспитувачки, кои поради секојдневниот директен контакт со децата, спаѓаат во приоритетната група за имунизација.

Од вкупно 51 пријавени вработени, прва доза вакцина на 10 април примија 36 негувателки и воспитувачки, кои беа одредени како приоритетни заради тоа што тие се во секојдневен контакт со децата и ги чуваат. На 5 мај треба да примат втора доза, а се надевам дека и останатите пријавени во наредниот период ќе се вакцинираат. Скоро две недели немаме нови случаи на коронавирус и сите кои беа позитивни го поминаа периодот на изолација и се вратени на своите работни места. Работата тече непречено, според сите протоколи, хигиената е на високо ниво. Пред десетина дена беше извршена темелна дезинфекција и дератизација на сите објекти. Исто така, се извршени и санитарни прегледи на сите вработени. На децата им се мери температура на влез, при самиот престој и на заминување. Дечињата веќе ги знаат протоколите и се навикнаа, а секако во целото функционирање помага и добрата соработка со родителите.“, појасни Даниела Бошкоска, директорка на Јавната установа „Детска радост“ во чии рамки функционираат градинките во Гостивар

Кај вработените кои добиле вакцина се јавиле благи реакции во рамки на нормално предвидените, како болка во раката каде е аплицирана вакцината, покачена температура, болки во мускули, додека некои сериозни несекани реакции немало.

Една од вакцинираните е воспитувачката Гордана Грујоска, која смета дека секој што има можност треба да се имунизира, особено во нивната фела. „Примивме вакцина за да се заштитиме од ковид 19, да можеме непречено да ја одвиваме работата, да направиме се‘ што треба да се заштитиме себе си и децата за кои се грижиме, затоа што тие доаѓаат од различни семејства и средини. Мислам дека треба сите да се вакцинираат, ние сме во постојан контакт со децата, таква ни е работата. Сега ќе имаме ревакцина на 5 мај, и мислам дека понатаму ќе бидеме позаштитени. Кога ние сме заштитени, можеме да одговориме и на обврската децата кои ги растеме и воспитуваме да бидат безбедни“, рече Грујоска.

Гостиварските градинки актуелно ги посетуваат 276 деца, а интересот кај родителите да ги носат дечињата расте.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена