На денешен ден пред точно четири години, во интернет просторот се појави Gostivarpress.mk.
Од ентузијастичка идеја да се создаде современ електронски медиум – со труд, внимание, професионалност и константно надоградување, обезбедивме место во кругот на најчитаните интернет медиуми. Горди сме што може јасно и гласно да кажеме дека од своето раѓање до денес, Gostivarpress.mk продуцираше над 11.000 свои авторски вести, кои донесоа повеќе од 10 милиони посети. Дневно, водечкиот интернет портал од Гостивар остварува преку 25.000 посети, со што стана убедливо најпосетуван медиум од регионот и се наоѓа помеѓу 100 најчитани електронски медиуми во државата.
Порталот Gostivarpress.mk стана член на регистарот на професионални онлајн медиуми на ЗНМ и СЕММ како и на ИАБ Македонија, која e дел од Interactive Advertising Bureau (IAB), водечка асоцијација за унапредување на дигиталниот маркетинг во светот, чии членки се Google, Facebook, Amazonadvertising, Adobe и други.
Неизбежно е да споменеме дека четвртата година од постоењето на Gostivarpress.mk беше најтешката до сега. Ковид пандемијата донесе невидени промени во сите сфери на живеењето. И ние, се соочивме со непознатиот непријател, како правен субјект, како луѓе и како новинари. Потрагата по информации и вести на терен стана постресна, посложена, а во одредени ситуации и ризична. Но и покрај сето тоа, не отстапивме од нашите принципи, не потклекнавме на стравот и стресот, останавме професионални, коректни, објективни и наклонети единствено кон вистината и читателите. Без сензационализам, непроверени информации, „пумпање“ вести и слично.
За нас останува да важи: Секоја промена и проблем, треба да се сфатат како предизвик – предизвикот како шанса за успех.
Успешното опстојување во изминативе 1.461 ден е само мотив повеќе за Gostivarpres.mk, кој 4 години е препознатлив симбол на објективно информирање со висок степен на доверба, а потврда се илјадниците верни читатели и бројните задоволни клиенти кои со успех ги промовираат своите компании, бизнис услуги и производи на платформата на Gostivarpress.mk.
Ви благодариме!
Редакција Gostivarpress.mk,
Петар
08/09/2020 во 20:06
Честито па 10ка здравје