Поврзи се со нас

Вести

4 мртви, 17 повредени во терористички напад во Виена, полицијата трага по напаѓачите

Објавено

на

Австриската полиција трага по најмалку еден осомничен по неколкуте вооружени напади во главниот град Виена, во кои беа убиени три лица.

Тројца цивили и еден напаѓач се убиени во синоќешните терористички напади во Виена, потврди австриската полиција. 17 лица беа повредени, од кои седум потешко. Полицијата уби еден напаѓач, за кого тврди дека е симпатизер на Исламската држава. Армијата ја презема заштитата на објектите и локациите во Виена од полицијата.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер го опиша убиениот напаѓач како „исламски терорист“.

Тој исто така на прес-конференцијата рече дека напаѓачот е симпатизер на Исламската држава, како и дека бил извршен претрес во неговиот стан и дека биле запленети видео материјали. Нехамер рече дека барем уште еден од напаѓачите е во бегство и дека тој е „вооружен и опасен“.

Пукањето започнало во близина на главната синагога во Виена, но сè уште не е јасно дали тоа било целта.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го нарече настанот „одвратен терористички напад“ и потврди дека еден од напаѓачите исто така бил убиен.

Нападот се случи само неколку часа пред да стапат во сила новите мерки за борба против ширењето на коронавирусот. Многу луѓе беа излезени надвор, по барови и ресторани, пред да се затворат на полноќ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 47 минути

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 2 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 3 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 4 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена