Поврзи се со нас

Здравје и убавина

4 најважни витамини и минерали за да го сочувате здравјето

Објавено

на

Имунолошкиот систем се однесува на цела армија од клетки, хемикалии и процеси кои неуморно работат за да го заштитат нашето тело од странски напаѓачи. Доколку сакате да му помогнете и да го заштитите вашиот имунитет тоа може да го направите преку внес на витамини, минерали и суплементи за кои е докажано дека имаат корист за вашиот имунитет, па не заборавајте да ги набавите, но и да ги користите.

ПРОБИОТИЦИ

Бактериите во дигестивниот систем можат да се поделат на „корисни“ бактерии, односно пробиотици и „штетни“ бактерии. „Корисните“ бактерии, односно пробиотиците, ни помагаат на многу начини: од варење на храната што ја јадеме, преку спречување на растот на штетните бактерии (кои се натпреваруваат со нив за место и храна) до целокупното позитивно влијание врз нашиот имунолошки систем. Така, пробиотиците се нарекуваат и бактерии на млечна киселина, тие се живи микроорганизми кои, кога се консумираат во вистинска количина, имаат благотворно влијание врз здравјето.

Со оглед на тоа што позитивно делуваат на варењето, позитивно делуваат и на имунолошкиот систем. Со спречување на колонизација на патогени микроорганизми во цревата, тие позитивно влијаат на цревниот имунолошки систем, кој е одговорен за дури 70-80 проценти од нашиот имунолошки одговор. Проботиците можат да ги намалат шансите да настинете.

Каде да ги најдете: Јогурт, кефир, зелка.

ЦИНК

Цинкот е од суштинско значење за правилен раст и размножување на клетките вклучени во имунолошките реакции. Ако се земе на самиот почеток на настинката, може да го скрати нејзиното времетраење. Кога се консумира правилно, може да помогне за здравјето на имунолошкиот систем: кога вирусот ќе влезе во крвотокот, цинкот продира во оштетената клетка и го спречува ширењето на инфекцијата.

Каде да го најдете: Еден од најдобрите извори на цинк во човечката исхрана е црвеното месо. Конзумирањето на околу 100 грама црвено месо може да задоволи дури 25 отсто од вкупните дневни потреби за цинк. Спанаќот, ракчињата, гравот, карфиолот и семките од лен се исто така одлични извори на цинк.

ВИТАМИН Ц

Овој витамин го зголемува производството на Б-лимфоцити и го спречува влошувањето на Т-лимфоцитните клетки, а тоа се важни антитела клетки кои се одговорни за откривање и борба против вирусите во телото.

Витаминот Ц е проследен со голем број позитивни приказни за неговото влијание врз настинките. Се покажа дека го скратува времетраењето на настинката кога се внесува редовно и може да помогне во имунитетот

Каде да го најдете: Цитрусовите овошја како портокали, грејп и лимони содржат големи количини на витамин Ц. Други извори може да бидат брокулата и кељот.

ВИТАМИН Д

Витаминот Д е посебен витамин бидејќи се формира кога кожата е изложена на сонце. Иако основната функција на овој витамин е да ги зајакне мускулите и да има корист и да се бори против стресот и анксиозноста, тој исто така го штити имунолошкиот систем. Кога сме болни, овој витамин му помага на телото да произведе антимикробни пептиди кои ќе го спречат развојот на штетни бактерии, микроби и вируси. Исто така е важен бидејќи ја регулира работата на Т-клетките.

Каде да го најдете: Витаминот Д се апсорбира преку сонцето, па најдобар начин да го добиете овој витамин е да го изложите на сончевите зраци. Можете да го најдете во печурките и мрсна риба како лососот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена