Поврзи се со нас

Македонија

42% од граѓаните би се иселиле од земјава

Објавено

на

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование – универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија.

Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка.

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно.

Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84 отсто, Гана 81 и Нигерија 71 отсто. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14 отсто, Виетнам 8 отсто и Индија 4 отсто.

Анкетата на јавно мислење, информираат од GIA, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење.

Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во РС Македпнија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела истражувањет со телефонска анкета (CATI), на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст 18+ години, во текпт на август 2022, со маргина на грешка од +/- 3,5 отсто, со ниво на доверба од 95 отсто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 8 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 10 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 13 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 13 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 14 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 16 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 17 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 18 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 19 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена